Свет
Палестинците лути на Египет за затворање на граничeн премин
Египетските власти во саботата првпат по минатомесечното отворање на граничниот премин Рафах, ја затворија границата кон појасот Газа, што ги разгневи Палестинците, соопштија претставници на исламистичкото движење Хамас:
Египетските власти во саботата првпат по минатомесечното отворање на граничниот премин Рафах, ја затворија границата кон појасот Газа, што ги разгневи Палестинците, соопштија претставници на исламистичкото движење Хамас: Службениците вработени на палестинската граница за Ројтерес изјавиле дека три автобуса со 180 патници неколку часови чекале за да ја минат границата кај Рафах кон Египет. А некои од нив го загубиле трпението и се обиделе насила да го отворат затворениот граничен премин.Еден од службениците изјавил за агенцијата дека не добиле никакво известување или причина за затворањето на граничниот премин поради што палестинските патници се огорчени.Набрзо по насилниот обид за отворање на премини, откако египетските војници им наложиле на Палестинците да го напуштат тоа подрачје, во придружба на припадници на безбедносните сили на палестинското движење Хамас, патниците биле испратени назад. Засега нема информации за насилство или уапсени лица.Инцидентот следел откако се раширила информацијата дека Палестинците планираат протести и протесно марширање долж израелските гранични премини од соседните арапски земји. Со што би се одбележал 5-ти јуни, годишнината од израелската окупација на Западниот брег и појасот Газа во војната од 1967 година. Припадниците на египетските сили за безбедност соопштија дека граничниот премин Рафах кој е единствениот премин кон појасот Газа кој не го контролираат Израелците, е затворен поради редовно одржување и за да може повторно да биде отворен во недела. Но службениците во Газа изјавиле дека за тоа не биле однапред известени./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

