Свет
Умала и Фуџимори во вториот круг од претседателските избори во Перу
Речиси 20 милиони Перуанци во земјата и во странство, ќе учествуваат на претседателските избори што ќе се одржат во Перу денеска.
Речиси 20 милиони Перуанци во земјата и во странство, ќе учествуваат на претседателските избори што ќе се одржат во Перу денеска. Во вториот круг од претседателските избори ќе се натпреваруваат лидерот на националистичката партија, 48-годишниот Оланта Умала, кој го предводи левичарскиот блок „Gana Peru“ (Перу победува) и 36-годишнaта Кеико Фуџимори, која е претставник на десните сили во земјата коалицирани во изборниот блок „Fuerza 2011“ (Сила -2011).Умала ја има поддршката на изборите од Социјалистичката партија, Комунистичката партија, како и од Револуционерната социјалистичка партија. Со апел до избирачите во полза на Умала истапија личности од перуанската интелектуална елита, како што е добитникот на Нобеловата награда за литература Марио Варгас Љоса.Поранешниот офицер и лидер на Националистичката партија, Умала по вторпат учествува на претседателските избори. Во 2006 година, тој самоуверено влезе во вториот круг, но загуби од актуелниот претседател Алан Гарсија за кого гласаа 55,45 отсто од гласачите, додека Умала доби 44,56 отсто од гласовите.Умала стана популарен политичар во Перу поради својата националистичка, анти-империјалистичка и анти-американска платформа. Меѓу главните цели што ги најави доколку биде избран за претседател на Перу, Умала ги посочи борбата против сиромаштијата и невработеноста, како и зголемена поддршка на социјалните програми. Тој ужива широка поддршка меѓу сиромашните и домородното индијанско население на Перу, во најсиромашни јужни и централни региони на земјата.Во својата изборна програма за привлекување гласови, Умала им вети на обичните граѓани, дека по доаѓањето на власт значително ќе ги намалени цените на гасот и минималната плата ќе ја зголеми на 272 долари. Средствата потребни за да се оствари оваа популистичка платформа, Умала вети дека ќе ги најде преку поправична редистрибуција на националното богатство, коешто сега е во рацете на олигархиските елити.Поранешниот потполковник на вооружените сили на Перу повеќепати ја посети Венецуела и секогаш ја добива поддршката од тамошниот претседател Уго Чавез, кој е исто така поранешен офицер и има идентична анти-американска политика. Во 2006 година, многу Перуанци гласаа против Умала токму поради неговата голема блискост до Чавез, стравувајќи дека Венецуела ќе се меша во внатрешните работи на Перу. Во текот на оваа претседателска кампања Умала се дистанцираше од венецуелскиот лидер, и вели дека неговите политички и економските погледи се најблиски до оние на поранешниот бразилскиот претседател Лула да Силва.Ќерката на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори, Кеико Фуџимори, својата поддршка ја темели кај средната класа и има најголема поддршка во регионите на главниот град Лима, Каљао и во северните делови на земјата.Таа е поддржувач на продолжување на неолибералниот модел на економскиот развој и пазарната економија втемелени во 1990-те години од страна на нејзиниот татко. Нејзината економска програма е повеќе конзервативна и не им ветува на гласачите розова иднина и дека многу брзо ќе им го направи животот убав. Сепак, Фуџимори вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка само за оние сегменти од популацијата кои живеат под линијата на сиромаштијата и оти тие ќе добиваат месечен надоместок од 45 долари. Меѓу главните точки на нејзината изборна програма се економскиот раст на земјата на ниво од 7 отсто годишно. Таа, исто така, го поддржува зголемувањето на здравственото осигурување и изградбата на затвори (нејзиниот татко, 72-годишниот Алберто Фуџимори е осуден на 25 години затвор за кршење на човековите права и во моментов е на издржување затворска казна), како и воведување на смртната казна за грозоморни злосторства.Во текот на последната телевизиска дебата на кандидатите, тие беа обединети во нивните ветувања за намалување на сиромаштијата во земјата (во моментов таа изнесува 34 проценти), подобрување на безбедноста во Перу, пониската инфлација и осигурувањето на економскиот пораст на земјата која се смета за една од најбрзорастечките во светот (до 7,5 отсто на годишно ниво), како и натамошен развој.Според последните истражување на јавното мислење, разликата меѓу претендентите за највисоката државна функција е минимална – за Кеико Фуџимори би гласале 50,3 отсто, додека за Оланта Умала – 49,7 отсто од избирачите. Во првиот круг од претседателските избори Умала доби 31, а Фуџимори – 23 проценти од гласовите.Низ целата земја и во странство во неделата ќе бидат отворени 103 илјади избирачки места. За да победи на изборите, еден од двајцата кандидата мора да постигне 50 отсто плус еден глас. Избраниот за претседател на државата ќе ја преземе функцијата на 28 јуни а неговиот мандат трае пет години – до 2016 година.Изборите ќе бидат внимателно следени од повеќе од 235 претставници од Организацијата на американските држави (ОАС) и од Европската унија.Во петокот на 3-ти јуни, во Перу, стапи на сила забраната за продажба и пиење алкохолни пијалаци, која ќе трае до 12 часот во понеделник. Еден ден подоцна, во саботата, стапи на сила законот за забрана на носење на оружје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Свет
(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток.
Тој рече дека дел од иранските функционери кои САД ги сметале за можни идни лидери на земјата загинале во заедничката американско-израелска кампања на бомбардирање.
„Повеќето луѓе што ги имавме на ум се мртви“, изјави Трамп на почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа. Тој додаде дека е можно новиот лидер на Иран да биде исто толку лош како врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен во напад минатата сабота.
Коментарите на Трамп доаѓаат во момент кога израелските сили заземаат нови подрачја во јужен Либан и наредија евакуација на најмалку 80 либански села.
Израелската војска соопшти дека мерката има за цел да ги заштити израелските погранични градови од ракетните напади на Хезболах, милиција поддржана од Иран. Во исто време, израелски борбени авиони извршија силни воздушни напади во близина на Бејрут и иранскиот главен град Техеран.
САД ги затворија своите амбасади во Саудиска Арабија и Кувајт откако беа погодени со дронови и ги повикаа американските државјани веднаш да напуштат 14 земји на Блискиот Исток.
Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека ирански дрон погодил област во близина на американскиот конзулат во Дубаи. Канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дрон е ставен под контрола и дека нема повредени.
Трамп изјави дека одлуката за воена операција била донесена за да се спречи можен напад од Иран.
„Преговаравме со тие луѓе, а моето мислење беше дека ќе нападнат први“, рече тој.
На прашањето дали Израел го притиснал да започне воена акција, Трамп одговори: „Ако ништо друго, можеби јас го поттикнав Израел“.
Американски официјални лица запознаени со разузнавачките податоци, сепак, велат дека Трамп ја преувеличил непосредноста на заканата од Иран.
Во официјалното известување испратено до Конгресот, Трамп наведе дека нападите врз Иран се изведуваат за заштита на САД, американските сили на Блискиот Исток и за одбрана на регионалните сојузници, меѓу кои и Израел.
Тој нагласи дека не постои временска рамка за завршување на воените операции.
„Иако САД се стремат кон брз и траен мир, во овој момент не е можно да се предвиди целосниот обем и траење на воените операции“, напиша Трамп во писмо до сенаторот Чарлс Е. Грасли, привремен претседател на Сенатот.
Од саботата, кога САД и Израел започнаа напад врз Иран, а Техеран возврати со стотици дронови и ракети, загинале повеќе од 800 луѓе, најмногу во Иран, но и на други места на Блискиот Исток.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos

