Свет
Над 3,5 илјади евакуирани поради вулканска ерупција во Чиле
Чилеански власти евакуираа повеќе од 3.500 луѓе во јужниот дел на Чиле, поради активноста на вулканскиот масив крај градот Кауље Кордон, пренесува Асошиетед прес.
Чилеански власти евакуираа повеќе од 3.500 луѓе во јужниот дел на Чиле, поради активноста на вулканскиот масив крај градот Кауље Кордон, пренесува Асошиетед прес. Претходната бројка што ја соопштија локалните власти изнесуваше 2,5 илјади луѓе коишто ги напуштиле своите домови поради вулканската активност. Засега нема информации за настрадани и повредени Според агенцијата, според првичните информации на чилеанските власти дошло до ерупција на вулканот Пијеуе, кој се наоѓа 800 километри јужно од главниот град во земјата на Сантијаго, во чилеанскиот дел од Андите. Меѓутоа, таа информација подоцна беше повлечена и дополнета дека станува збор за ерупција којашто се случила на околу четири километри од кратерот на овој вулкан. На површината на земјата е забележана пукнатината во должина од околу десет и ширина од пет километри.Според Асошиетед прес, во саботата наутро во близина на вулканот биле почувствувани неколку помали потреси, но од неделата започнала ерупција. Националното биро за итни случаи на Чиле регистрирало подземна активност со просечно 230 земјотреси за еден час.Од кратерот се издига голем облак од чад и пепел. Пепелта од вулканот се издига над Андите, а потоа се спушта над областа на аргентинскиот град Сан Карлос де Барилоче од друга страна на планинскиот синџир. Поради ерупцијата во аргентинскиот град затворен е аеродромот. Локалните власти ги советуваат жителите на околните региони да преземат мерки на претпазливост против можното паѓање на вулканската пепел и препорачаа без итна потреба да не ги напуштаат своите домови и да направат резерви од храна и вода за пиење.Чиле се карактеризира со висока сеизмичка активност. Во 2010 февруари, на 11 километри од градот Консепсион, главен административен град на централниот регион на земјата, се случи земјотрес од 8,8 степени. Тоа предизвика бран цунами кој достигна височина од речиси три метра. Тогаш загинаа повеќе од 800 луѓе, 1.200 се водат за исчезнати, а оштетени беа 1,5 милиони објекти.Чиле се наоѓа во ткн. пацифички „огнен појас“ – група од вулкани и тектонски плочи во должина од 40 илјади километри. Овој појас е опкружен со Тихиот Океан, минувајќи покрај брегот на Северна и на Јужна Америка до јужниот дел на Алјаска, а потоа се префрла во Јапонија, Филипини и Индонезија и завршува околу островите Нова Гвинеја, Нов Зеланд и југо-западна Океанија. Во овој „огнен прстен“ се наоѓаат најголемиот број од познатите вулкани во светот. Исто така, таму се регистрираат и 90 отсто од земјотресите на Земјата./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

