Свет
Се’ потешко е да се открие заразата од Е.коли
Со минувањето на повеќе време потешко ќе биде да се открие изворот на инфекцијата предизвикан од бактеријата ешерихија коли од која во Европа а најмногу во Германија од мај веќе починаа 24 лица
„Честопати овој вид епидемија е предизвикан од единствен вод бактерија која со текот на времето потребно за анализа веќe излегува од системот“, објаснува лекарот Гуенал Родиер, задолжен за заразни болести во европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО – WHO).„Многу е тешко да се открие причинителот на ваквата епидемија, да се утврди трагаа на бактеријата е многу тешка постапка бидејќи се заразените луѓе по околу пет дена колку што трае инкубацијата не можат точно да се сетат што точно јаделе и пиеле“, додава Родиер.Епидемијата е предизвикана од еден многу редок вид на бактеријата ентерохеморалгичната Е бактерија ешерихија коли (Escherichia coli – EHEC). Симптомите предизвикани од EHEC се крвава дијареа, треска и повраќање. Повеќето пациенти се опоравуваат во рок од 10 дена, но кај помал број пациенти (мали деца и постари лица). Но болеста може да добие тежок облик кога настанува уремиско-хемолитички синдром (HUS) и да го загрози нивниот живот.Експертите засега немаат веродостојни процени за тоа како заразата започнала, но не се исклучува можноста дека бактеријата се наоѓа или во салатите или друг вид зеленчук кој е на продажба.Според Светската здравствена организација (СЗО), бактеријата Escherichia coli е често присутна во цревата на човекот и топлокрвните животни. Повеќето од нејзините видови се безопасни, но некои видови, како што се, на пример, ентерохеморалгичната Е бактерија ешерихија коли може да предизвикаат сериозни болести, кои потекнуваат од храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Франција за приемот на Украина во ЕУ: Ниту Русија ниту САД не треба да го диктираат распоредот на проширувањето
Распоредот на проширување на Европската Унија не треба да го диктираат надворешни сили како што се Русија или Соединетите Американски Држави, изјави францускиот министер за Европа Бенjамин Адад во интервју за Политико, пред планираниот состанок на министрите во Кипар, кој беше откажан од безбедносни причини.
„Ниту една сила надвор од ЕУ не треба да одлучува за проширувањето наместо земјите-членки“, изјави за Политико министерот, кој ја претставува Франција на состаноците посветени на проширувањето на ЕУ.
Изјавите на Адад доаѓаат во време кога Европската комисија и некои членки на ЕУ ја промовираат идејата Украина да се приклучи на Унијата уште во 2027 година, преку иновативен пристап познат како „обратно проширување“, што би им дало на новите членки ограничени привилегии за членство.
Весникот пишува дека иницијативата од Брисел е делумно мотивирана од фактот дека членството во ЕУ е преговарачки адут во мировните преговори меѓу Украина и Русија, кои ги водат САД. Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака неговата земја да стане членка на ЕУ до 2027 година.
„Ниту САД ниту Русија не треба да имаат никакво влијание врз политиката на проширување на ЕУ“, рече Адад. Тој додава дека Париз го поддржува влезот на Украина во Унијата и инсистира дека Киев, Молдавија и земјите од Западен Балкан не смеат да останат во „сивата зона“, подложени на странско влијание и агресија“.
Но, Франција е помалку склона кон предлози за промена на начинот на кој Европа прифаќа нови членови, пишува весникот.
„Ова проширување мора да остане барачко и засновано на заслуги за да се обезбеди неговиот успех и кредибилитет“, рече Адад.
Сепак, следната земја на ред за членство во ЕУ е Црна Гора, наведува Политико, повикувајќи се на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.
И покрај резервите од одредени кругови, комесарката за проширување, Марта Кос, изјави за весникот дека преговорите меѓу Брисел и Црна Гора за членство во ЕУ влегоа во последната година.
„Време е да се започнат разговори за Договорот за пристапување со Црна Гора“, рече Кос, додавајќи дека Европската комисија „моментално е во последната фаза од подготовката на нацрт-договорот“.
а комисија „моментално е во последната фаза од подготовката на нацрт-договорот“
Свет
Израел ја обвинува Шпанија: Вие сте на погрешната страна од историјата
Израел остро реагираше на одлуката на шпанската влада да не им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, обвинувајќи го шпанскиот премиер Педро Санчез дека стои на погрешната страна од историјата, објавува Гардијан.
Санчез остро ја осуди „едностраната воена акција“ на САД и Израел против Иран, предупредувајќи дека таа придонесува за „понепријателски и понесигурен меѓународен поредок“. Критиките беа дополнително нагласени со одлуката на неговата влада да не им дозволи на САД да ги користат базите во Рота и Морон за да продолжат да го напаѓаат Иран.
Во објава на социјалната мрежа Икс во понеделникот, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го обвини Санчез – долгогодишен критичар на израелското водење на војната во Газа – дека попуштил пред терористите и репресивните режими.
„Прво, Хамас му се заблагодари на Санчез“, напиша Саар. „Потоа Хутите му се заблагодарија. Сега Иран му се заблагодари. Дали тоа е да се биде на „вистинската страна“ од историјата?“
Саар, исто така, ги повтори критиките кон Санчез од страна на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам. „Сегашната влада во Шпанија станува златен стандард за патетично слабото европско раководство кое го изгуби својот морален компас, очигледно не сака да го осуди терористичкиот режим во Иран и има само критики за Соединетите Американски Држави“, напиша Греам.
Во саботата, Санчез рече дека офанзивата на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху го прави светот понестабилен и повика на трајно политичко решение на конфликтот.
Тој ја повтори таа порака во говорот во Барселона.
„Денес, повеќе од кога било, важно е да се запомни дека можете да бидете против омразен режим – како што шпанското општество како целина е со иранскиот режим – и во исто време да бидете против неоправдана и опасна воена интервенција што оди подалеку од меѓународното право“, рече Санчез.
Свет
Кац: Израелската армија е подлабоко во Либан, за да се спречи „оган“ врз израелските заедници
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека потегот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да напредуваат во јужен Либан е направен за да се спречи „директен оган“ врз израелските заедници.
„За да се спречи можноста за директен оган врз израелските заедници, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јас ги овластивме ИДФ да напредуваат и да држат дополнителен доминантен терен во Либан и да ги бранат граничните заедници од таму“, рече Кац во соопштението, според „Тајмс оф Израел“.
Како што додаде, „ИДФ продолжува силно да дејствува против цели на Хезболах во Либан, а терористичката организација плаќа и ќе плати висока цена за пукањето врз Израел“.
Порано денес, Израелските одбранбени сили објавија дека распоредиле трупи подлабоко во јужен Либан, надвор од петте позиции што моментално ги држи Израел, како дел од засилената одбранбена положба.
„Војниците на 91-та регионална дивизија Галилеја се позиционирани на неколку точки во близина на граничната област како дел од засилената одбранбена положба“, соопшти израелската армија, пренесува Танјуг.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) додаваат дека „работaт на создавање дополнителен слој на безбедност за жителите на северен Израел“.
„ИДФ спроведува насочени напади врз терористичката инфраструктура на Хезболах за да ги елиминира заканите и да спречи обиди за инфилтрација на израелска територија“, се вели во соопштението.
Овој потег доаѓа откако Хезболах лансираше ракети и беспилотни летала кон северен Израел во понеделникот како одговор на атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека терористичката група испукала повеќе ракети и беспилотни летала преку ноќ и утрово.

