Свет
Заедничка воена вежба на НАТО и Русија
Руските вооружени сили и силите на западната воена Алијанса во вторникот ја изведоа првиот дел од заедничката антитерористичка вежба чија цел е подготовка за напад со грабнати авиони, како што беше нападот од 11-ти септември на Ал Каеда врз САД.
Руските вооружени сили и силите на западната воена Алијанса во вторникот ја изведоа првиот дел од заедничката антитерористичка вежба чија цел е подготовка за напад со грабнати авиони, како што беше нападот од 11-ти септември на Ал Каеда врз САД. Во вежбата учествуваа руски и полски сили, а вежбата се одвиваше во фонот додека во Брисел и Москва се правеа обиди да се надминат несогласувањата околу плановите на Западот за создавање европски антиракетен штит.„Ја организиравме оваа заедничка вежба имајќи ги предвид заканите кој се заеднички и за Русија и за НАТО. Во овој случај станува збор за вид тероризам кој се појави во Авганистан“, изјави Јуриј Горлач, офицер при секторот за европска соработка во руското министерство за надворешни работи, пренесува Reuters. Вежбата под мотото „Операција будно небо 2011“ ќе трае до 9-ти јуни.Инаку Москва редовно предупредува на присутноста на Ал Каеда на северна Кавказ. Годинава исто така првпат во извештаите на американските безбедносни служби беше посветен голем дел и на појавата на исламскиот екстремизам во овој регион од Руската Федерација поврзан со меѓународниот тероризам.Во вторникот неименуван дипломат од Брисел за руската новинска агенција РИА Новости изјави дека антиракетниот штит на НАТО е насочен за одбран од 30-ина земји кои ги смета за потенцијална опасност кои имаат или наскоро ќе имаат балистички ракети. Тој нагласи дека Русија не спаѓа во тие земји. Сепак, за дипломатот треба да се разговара за проблемот меѓу Москва и Брисел поради противењето на Русија, но додаде дека гаранциите што ги бара Кремљ не може да бидат дадени поради невоедначените законодавства на земјите членки на Алијансата, пред се’ на европските државиВо понеделникот претходно генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, изјави дека НАТО нема позитивно да одговори на барањето на Русија за писмени гаранции дека не е во опасност од американскиот проект за антиракетна заштита.„Разговорот и политичките расправи се најдобар начин да се зајакне довербата, многу подобро од компликуваните правни решенија“, рече Расмусен, еден ден по состанокот НАТО-Русија во Брисел. Тој додаде дека би било тешко да се убедат 29 земји-членки на НАТО да потпишат еден таков документ. Според него, Русија и НАТО треба да имаат одвоени системи за антиракетна одбрана, но треба да формираат, како што рече, некој вид „синергија“. „Ние говориме за синергија меѓу НАТО и Русија. Причината е многу едноставна:НАТО не може обврските засновани на договорот меѓу своите членки да го довери на земјите што не се членки на Алијансата“, рече генералниот секретар на НАТО. Расмусен додаде дека НАТО верува оти треба да постојат два одвоени, но поврзани системи кои би разменувале информации, а тие би овозможувале да се одредат потенцијалните опасности. Русија и НАТО се договорија да ја продлабочат соработката на изградбата на европски противракетен штит на самитот Русија-НАТО во Лисабон, во ноември 2010. година. Русија, за разлика од НАТО, се залага за создавање единствен систем./крај/ро/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар
Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздухопловна база РАФ Акротири на островот.
Франција најави испраќање фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана. Германија потврди дека ќе испрати воен брод, додека Грција веќе распореди четири борбени авиони Ф-16, а две нејзини фрегати се на пат кон островот. Потезите се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина меѓу Атина и Никозија.
Кипарските власти соопштија дека опремата треба да пристигне во најкраток можен рок. Според владата во Никозија, дроновите биле лансирани од територија на Либан, а зад нападот веројатно стојат милитанти на Хезболах.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции поврзани со Иран.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Во Иран масовен погреб, Рубио тврди дека САД не би гаѓале намерно училиште
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.
Според иранските наводи, нападот се случил во саботата и претставува најсмртоносен инцидент од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Јасно е дека САД не би гаѓале намерно училиште. Нашите цели се проектили, нивното производство и лансирање, како и дронови за еднократни напади“, изјави Рубио, додавајќи дека САД немаат интерес ниту мотив да напаѓаат цивилна инфраструктура.
На прашање како би реагирал доколку се потврдат иранските тврдења, Рубио рече дека тоа би било многу трагично, но дека нема детали за настанот.
Заменик-генералната секретарка на ОН за мир, Розмари ДиКарло, изјави дека е запознаена со извештаите од Иран и дека американските власти ги проверуваат наводите. Израелскиот амбасадор при ОН, Дени Данон, рече дека видел различни извештаи, вклучително и такви според кои училиштето можеби било гаѓано од Корпусот на исламската револуционерна гарда.
Во меѓувереме, Иран одржа масовен погреб за 165 ученички и членови на персоналот убиени во саботата во она што Техеран го нарекува американско-израелски напад врз женско училиште во јужниот град Минаб.
Iran: Aerial visuals show the emotional funeral procession in Minab for schoolgirls and teachers killed in a recent strike. pic.twitter.com/TZxpqN5KLv
— TIMES NOW (@TimesNow) March 3, 2026
Иранската државна телевизија денес прикажа снимки од илјадници луѓе собрани на јавен плоштад во Минаб. Мажите го мавтаа знамето на Исламската Република, главно стоејќи одвоено од жените. Толпата скандираше „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Без предавање“.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

