Свет
Сириска амбасадорка мина на страна на противниците на ал-Асад?
Сириската амбасадорка во Франција во вторникот поднесе оставка на функцијата поради репресијата на безбедносните сили врз демонстрантите кои бараа оставка од претседателот Башар ал-Асад, при што загинаа повеќе од илјада луѓе.
„Го признавам легитимитетот на барањата на граѓаните за слобода и демократија. Мојата остaвка како сириска амбасадорка во Франција стапува на сила веднаш. Не можам веќе да го поддржувам тој круг на насилство“, изјави амбaсадорката Ламиа Шакур за телевизијата France24.Шакур е првата претставничка на сирискиот дипломатски кор која се реши на ваков чекор, Таа беше амбасадорка на Сирија во Париз од 2008 година. Меѓутоа, сириската државна телевизија ги негирала информациите за оставката на амбасадорката во Париз Ламиа Шакур, пренесе набрзо вечерва Assocaited Press. Според оваа информација на France 24 се појавила друга жена што се претставила како Шакур а сириската телевизија емитуваше тонска изјава во којашто, повторно како што се тврди Шакур ја негира изјавата дадена за француската телевизија и ја објави својата намера да ја тужи францускиот тв-канал. Пан-арапскиот телевизиски канал Al-Arabia, исто така, објави дека поседува автентична и оригинална изјава на Шакур, во којашто таа ја негира својата оставака од положбата амбасадор на Сирија во Франција. Како што пренесува AP, заменик-уредникот на телевизијата France 24, Рене Каплан, вели дека новинарите разговарале на телефонскиот број на кој претходно разговарале со амбасадорката Шакур, и добиле изјава за оставката на сириската амбасадорка во Париз.Во немирите и судирите на безбедносните служби и демонстрантите кои го бараат заминувањето на претседателот Башар ал-Асад според организации за заштита на човековите права досега загинаа околу 1.100 луѓе./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

