Свет
Лансирана руска ракета со три астронаути
Вселенското летало од типот „сојуз“ со руски американски и јапонски астронаут во вторникот навечер е лансирана кон Меѓународната вселенска станица (ISS).
Вселенското летало од типот „сојуз“ со руски американски и јапонски астронаут во вторникот навечер е лансирана кон Меѓународната вселенска станица (ISS).Овој тип руски транспортни ракети кои се одликуваат со тесен труп, треба да ги превезе Русинот Сергеј Волков, Јапонецот Сатоши Фурукава и ветеранот 53-годишниот американски астронаут Миајкл Фосум по два дена патување на Меѓународната вселенска станица.Леталото „Сојуз ТМА-02м“ според планираното беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан во два часот наутро во сред по локално време, (околу 22 часот по македонско време) и веќе е влезен во подалечната орбита.Одделувањето вселенскиот брод од носачот исто така е извршено според планираното.Времетраењето на оваа експедиција е предвидено да трае 162 дена. „Сојуз TMA-02M“ на Меѓународната вселенска станица треба да се закачи на 9-ти јуни во 23..22 часот по македонско време со автоматски режим на пилотирање./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

