Свет
Првиот кинески носач на авиони пред комплетирање

Началникот на Генералштабот на Народната армија на Кина (НАК) денеска потврди дека првиот кинески носач на авиони е во изградба
Началникот на Генералштабот на Народната армија на Кина (НАК) денеска потврди дека првиот кинески носач на авиони е во изградбаГенерал Чен Бингде одби да каже кога носачот, ремоделиран советски носач од типот „Варјаг“, ќе биде целосно готов. Тој тврди дека носачот нема да преставува закана за ниту една друга држава.Носачот, со должина од 330 метри, кој се гради во североисточното кинеско пристаниште Далиан е една од најлошо чуваните кинески тајни, сметаат аналитичарите, иако НАК, најбројната армија на светот, е многу затворена кога се во прашање проектите од одбраната. Носачот беше започнат во 1980-те години за потребите на Црвената армија на тогашниот Советски сојуз, но никогаш не беше завршен. Кога се распадна СССР, трупот на бродот беше оставен да 4рѓосува во пристаниште во Украина. Една кинеска компанија, поврзана со НАК, го купи носачот со тврдење дека сака од него да направи пловечко казино во Макао. Неофицијално се тврди дека носачот е речиси готов и ќе заплови до крајот на годинава. Експертите, сепак, велат дека тоа не значи и дека ќе биде подготвен за воени операции. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ОН: Израелската армија продолжува да убива цивили

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека израелската армија продолжува да убива цивили во областите околу линиите каде што силите се прераспоредија во Газа.
Според ОН, најмалку 15 Палестинци се убиени во близина на израелските позиции во Појасот Газа.
Израелската армија сè уште контролира околу 53 проценти од територијата на Газа откако се повлече на првичните линии договорени според прекинот на огнот.
Вчера, израелската армија соопшти дека отворила оган врз неколку осомничени откако здравствените власти во Газа објавија дека најмалку шест Палестинци се убиени во два одделни инциденти.
Израелските одбранбени сили соопштија дека отвориле оган кога осомничените ја преминале линијата на повлекување и се приближиле до силите во северна Газа.
„Од суштинско значење е прекинот на огнот да се одржи и да доведе до враќање и целосно спроведување на палестинското право на самоопределување“, рече Аџит Сунгеј, раководител на канцеларијата за човекови права на ОН.
„Подеднакво е важно сите напори за реконструкција, вклучително и воспоставувањето јавен ред и цивилен живот, да бидат во согласност со меѓународното право и заштитата на човековите права на Палестинците“, додаде тој.
Министерството за здравство на Газа потврди дека ги примило телата на 45 Палестинци што Израел ги предаде на Црвениот крст вчера, со што вкупниот број на предадени тела се искачи на 90.
Фото: ЕПА
Свет
Министерот за одбрана на САД: Мирот се постигнува со сила, а не со зборови, зголемете ја помошта за Украина

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за американско оружје за Украина по извештајот што покажа нагло намалување на воената поддршка за Киев во јули и во август.
„Мирот го постигнувате кога сте силни. Не кога користите силни зборови или покажувате со прст, туку кога имате силни и реални способности што вашите противници ги почитуваат“, им рече тој на новинарите пред состанокот со колегите од НАТО во седиштето на алијансата во Брисел.
Хегсет ги замоли сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата PURL (Приоритетна листа на барања за Украина).
„Нашето очекување денес е повеќе земји да донираат повеќе, да купат повеќе за да ја снабдуваат Украина за да го доведат тој конфликт до мирен крај“.
Обезбедени 2 милијарди долари
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека очекува дополнителни ветувања истакнувајќи дека 2 милијарди долари веќе се обезбедени преку механизмот.
Сепак, овој износ е помал од 3,5 милијарди долари, што украинскиот претседател Володимир Зеленски се надеваше дека ќе ги обезбеди до октомври.
Шведска, Естонија и Финска ги ветија своите придонеси во средата, но земјите како Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија се соочија со критики за нивната воздржаност.
Украина останува во голема мера зависна од американското оружје додека се подготвува за уште една зима на конфликт со Русија.
Килскиот институт за светска економија објави во вторникот дека воената помош за Украина се намалила за 43 проценти во јули и август во споредба со првата половина од годината.
Фото: принтскрин
Свет
НАТО би бил демилитаризиран во конфликт со Русија и Кина, според кинеска анализа

Ако сè уште го сметате НАТО за неповредлива супералијанса што може да дејствува како глобален полицаец во секој момент, можеби е време да го преиспитате тоа верување – оценува кинескиот портал NetEase повикувајќи се на анализата на американскиот воен експерт Вилијам Шрајвер.
Според него, ако НАТО, од една страна, и Русија и Кина, од друга, влезат во сериозна конфронтација, западната алијанса би можела да биде демилитаризирана најмалку десет години. Иако звучи како смела процена, кинеските автори сметаат дека логиката на овој заклучок е целосно оправдана.
„Митот за индустриската големина“
NetEase истакнува дека воената моќ на НАТО се темели на митовите за индустриска големина и одржување на мирот, но дека вистинската војна би ги разоткрила слабостите на алијансата во снабдувањето, издржливоста и мобилноста.
Иако САД имаат 11 носачи на авиони на нуклеарен погон, што изгледа импресивно на хартија, во современото војување тие би станале лесни цели. Руските подморници од класата Jasen може тивко да се приближат до флотите на НАТО, а Кина веќе ги надмина САД по бројот на нови воени бродови во 2023 година, според порталот.
Логистиката како Ахилова петица
Шрајвер посебно предупредува за застареност на американскиот логистички систем, особено во развојот на арктичките рути, каде што Русија има децениска предност. Во исто време, европските членки на НАТО се соочуваат со пад на капацитетот – Германија има помалку од 300 тенка, а британската морнарица старее, без доволно бродови за снабдување.
„Доколку избувне голема војна, НАТО нема да се бори како единствен сојуз – секој ќе ја игра својата игра, а резултатот би бил распад на алијансата“, предупредува Шрајвер.
Според кинеската анализа, митот за неповредливоста на алијансата полека се урива пред новите глобални односи на моќ – каде што Русија и Кина веќе ја покажаа способноста да дејствуваат надвор од рамките на западните очекувања.
Фото: принтскрин