Свет
Клинтон:Помошници на Гадафи разгледуваат „евентуално предавање на власта“
Блиски соработници на либискиот лидер Моамер Гадафи се поврзале со многу посредници за „евентуално предавање на власта“, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон, пренесува агенцијата Франс прес.
Блиски соработници на либискиот лидер Моамер Гадафи се поврзале со многу посредници за „евентуално предавање на власта“, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон, пренесува агенцијата Франс прес. „Направени се многубројни оценки од луѓе, блиски до Гадафи, и имаме информација дека тие оценки, меѓу другите теми, вклучуваат и евентуално предавање на власта“, изјави Клинтон на прес конференција во Обединетите Арапски Емирати. Таа додаде дека сè уште нема напредок по преговорите со Меѓународната контакт група за Либија. /крај/афп/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

