Контакт

Свет

Нови поплави во централна Кина, најмалку 41 жртва

Објавено пред

Најмалку 41 човек загина во новиот бран поплави во централна Кина, јавија денеска државните медиуми.

Најмалку 41 човек загина во новиот бран поплави во централна Кина, јавија денеска државните медиуми. Со тоа вкупниот број жртви на сезонските поплави оваа година во Кина порасна на 95, а не се исклучува можноста билансот да биде уште поголем. Дождот минатата ноќ предизвика поплави и одрони кои уривале куќи и насипи на речните брегови во провинцијата Хубеи, при што загинаа 22 лица, а пет се водат како исчезнати, јави агенцијата Синхуа. Вкупно 110.000 луѓе од градовите Сиангјанг, Хуанганг и Сијанинг се евакуирани. Одроните во соседната провинција Хунана утрово усмртија 19 луѓе, а 29 се водат како исчезнати. За помалку од половина час паднаа рекордни 300 милиметри дожд, а во некои делови водата е длабока два метра. Поплави има и во југоисточна Кина, каде што 26.000 луѓе се евакуирани од областа Сијушуи во провинцијата Ѓиангси. /крај/ап/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србија ќе ги зајакнува контролите за заразените кои се во домашна изолација

Објавено пред

Полицијата, во соработка со санитарната инспекција, ќе контролира дали заразените пациенти без симптоми, кои се лекуваат дома, ја почитуваат мерката за самоизолација. Ние мора да вратиме сè што направивме порано, а тоа е телефонска контрола и казнување“, рече српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, пред новинарите во Белград.

Заразените лица кои немаат никакви симптоми на болеста се испраќаат на домашна изолација. Епидемиологот Радован Шеканац посочи утрово дека голем проблем се заразените пациенти кои се на домашно лекување и кои не ја почитуваат мерката на самоизолација, ја напуштаат куќата и шетаат низ градот затоа што немаат никакви симптоми.

Прикажи повеќе...

Свет

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Објавено пред

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со Ковид-19. Локалните власти веруваат дека се проширил преку традиционален шамански обред.

Селото Шулута, кое се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од езерото Бајкал во сибирската провинција Бурјатија, има 37 потврдени случаи заразени со вирусот, од вкупно 390 жители.
Се верува дека уште 25 лица биле во контакт со заразените, и тие мора да бидат во карантин.

Заразата почнала откако десетина селани учествувале во шамански ритуали на 10 јуни, кои ги извршувала заразена жена. Рововите околу Шулута биле ископани на 29 јуни, како мерка за да се спречат туристите да возат низ селото кон блискиот Национален парк Тунк, како и за да го ограничат движењето на локалните жители, од кои некои биле скептични за наредбата да се самоизолираат.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Вухан се бори со поплавите, загрозени милиони луѓе

Објавено пред

Mилиони луѓе се загрозени од силните дождови и поплави коишто ја зафатија Кина, особено местата лоцирани на реката Јангцекјанг, а нивото на заштита од поплави е подигнато на втор степен.

Многу пороен дожд паѓа веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови, паднаа дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на метар квадратен, објави „Ксинхуа“. На многу места, реките го преминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат да го спасат градот од поплавување.

Според „Ксинхуа“, се очекува врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се во опасност од поплавување, а милиони луѓе се загрозени.

Најризично е во провинцијата Хубеи, јаде главен град е Вухан, кој до неодамна беше најтешко погоден од коронавирусот. Како што сметаат во СЗО, пандемијата зибувнала токму во овој град , во кој имаше речиси 3.900 починати.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион3 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија5 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Топ6 часа

Скопјанец починал во својот стан по каснување од стршен

Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата...

Македонија7 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија7 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија7 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион8 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија8 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија9 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион10 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ11 час

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура11 час

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија11 час

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион1 ден

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион1 ден

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава1 ден

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет1 ден

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт1 ден

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија1 ден

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Досие