Свет
Хуго Чавез успешно опериран во Куба
Венецуелскиот претседател Хуго Чавез е успешно опериран во Куба поради компликации предизвикани од претходна повреда на коленото и ќе остане да се опоравува уште некое време во оваа земја.
Венецуелскиот претседател Хуго Чавез е успешно опериран во Куба поради компликации предизвикани од претходна повреда на коленото и ќе остане да се опоравува уште некое време во оваа земја.Шефот на венецуелската дипломатија, Николас Мадуро, за кубанската ТВ станица VTV, чија програма се емитува и во Каракас, изјавил дека претседателот Чавез успешно се опоравува од повредата на коленото, но дека во меѓувреме имал компликации предизвикани од бактериска инфекција.Тој додал дека кубанските лекари успешно го оперирале 56 – годишниот Чавез и дека тој се опоравува од хируршка интервенција со членовите на своето семејство и дел од владиниот тим.Венецуелскиот претседател би требало за неколку дена да се врати во земјата, додава Мадуро./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

