Свет
Шестмина загинати во бомбашки напад во Ирак
Шест лица загинаа, а 60 се ранети во двоен напад со автомобили бомби во главната улица, во ирачкиот град Мосул, објавија полициски и болнички извори
Во синхронизираните напади, експлозиите одекнале во улицата во која се наоѓаат голем број на ресторани, а во близина е и седиштето на владата на провинцијата Ниневех. Според полицијата целта на првиот напад била воена цистерна која превезувала вода, а кога спасувачките екипи пристигнале да им помогнат на жртвите експлодирал уште еден автомобил. Градот Мосул се наоѓа на 390 километри северно од ирачкиот главен град Багдад. Мосул е последно урабано засолниште за сунитските исламисти кои се тесно поврзани со Ал Каеда, откако американските сили со помош на локалните племенски милиции ги протераа од Багдад и провинцијата Анбар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

