Свет
Затворени стотина обложувачници во Тетово и во Гостивар
Управата за јавни приходи вчера експресно затвори стотина обложувачници во Тетово и во Гостивар затоа што немале лиценци и одобренија за работа.
Управата за јавни приходи вчера експресно затвори стотина обложувачници во Тетово и во Гостивар затоа што немале лиценци и одобренија за работа.
Во Тетовско на црно работеле 56 обложувачници, од кои 26 во градот, а другите во Брвеница, Теарце и во Мала Речица, велат извори во УЈП.
Во Гостивар се пломбирани 13 обложувачници и 20 во гостиварските села.
„Време“ вчера објави дека во Македонија само 10 обложувачници имаат тригодишна лиценца, а уште 50 имаат одобренија за работа за девет месеци. Другите, чиј број најверојатно е трипати поголем, работат на црно.
Поради стореното кривично дело сопствениците на обложувачниците треба да платат казна од 300.000 денари. Тие не смеат да ги отворат пломбираните дуќани додека не добијат лиценца или одобрение за работа од Министерството за финансии.
Според извори во УЈП во Тетово, затворени се обложувачниците „Суперсингл“, која има 12 дуќани и шест обложувачници „Фифа“. Под клуч се и обложувачниците „Калчо“, „Хиподром“, Ферплеј“, „Дерби“, „Меридијан“ и „Теута“.
Во Гостиварско се затворени три обложувачници „Тото спорт“, две обложувачници „Планет“ и две „Суперсингл“, како и по една „Меридијан“, „Пикси“, „Интерспорт“, „Вил хил“, Интер тото“ и „Спортлајф“.
Министерството за финансии против сопствениците ќе поднесе кривична пријава, а судските казни за овие кривични дела се од 1 до 5 години. По завршувањето на судската постапка на газдите на дивите обложувачници ќе им биде одземена заработувачката што ја стекнале со ова кривично дело.
Одобрение за работа со спортска обложувачница што важи девет месеци издава министерот за финансии. Доколку подносителот на барањето за одобрение ги исполнува сите услови, треба да плати 30.000 евра, од кои половината веднаш, а другата половина на девет рати. Обложување врз основа на лиценца, пак, може да врши само трговско друштво што има основен капитал од 2,5 милиони евра.
Лиценцата ја доделува Владата, а трае 3 години. За неа се плаќаат 100.000 евра, од кои половина веднаш, а другите пари се плаќаат на рати додека трае лиценцата.
А.К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

