Контакт

Свет

Авионите во иднина ќе бидат проѕирни

Објавено пред

Авиокомпанијата „Ербас“ денеска откри како ќе изгледа нејзин модел на авион во 2050 година, кој на патниците ќе им овозможува да уживаат во панорамско гледање, бидејќи ќе може да гледаат низ авионот.

Авиокомпанијата „Ербас“ денеска откри како ќе изгледа нејзин модел на авион во 2050 година, кој на патниците ќе им овозможува да уживаат во панорамско гледање, бидејќи ќе може да гледаат низ авионот.Инженерите на компанијата денеска во Лондон го претставија концептот на виртуелна кабина и некои од иновациите, кои целосно ќе го изменат доживувањето на патниците.Со едноставно притискање на копче, ѕидовите стануваат проѕирни. Покрај тоа, седиштата на авионот ќе се прилагодуваат кон патниците.Овие авиони ќе емитуваат и помалку штетни гасови, а концептот на класи ќе биде заменет со неколку зони. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Црвена вода во фонтаните во Лондон во знак на протест

Објавено пред

Во Лондон се уапсени две лица откако истурија црвена вода во градските фонтани на плоштадот Трафалгар, во знак на протест.

Нивната цел е да ја повикаат британската Влада да спречи нови пандемии со експлоатација на животните, пренесе „Гардијан“.

Зад протестот стои групата „Бунтовници за животни“, кои велат дека вистинската причина за кризата со Ковид-19 е злоупотребата на животните.

Демонстрантите сметаат дека треба да се заштити животот на секое животно, бидејќи ризикот од појава на пандемии во иднина би се зголемил.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 12 починати од Ковид-19, рекорден број пациенти се на респиратори

Објавено пред

Во последните 24 часа 6.915 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, а 279 од нив биле позитивни. Починале 12 лица.

На респиратори во моментов има 154 пациенти, што е најголем број од почетокот на епидемијата во земјата.

Во текот на вчерашниот ден бројот на новозаразени во Србија се намали (вчера имаше 287) во однос на претходниот ден, но една од причините за помалиот број беше намалената бројка на тестови во споредба со претходните недели, информираат српските медиуми.

Како што пишува „Блиц“, односот на бројот на позитивни со бројот на тестирани доживеал експлозија, надминувајќи седум проценти.

Прикажи повеќе...

Европа

Чавушоглу за Аја Софија: Функцијата на објектот и не е толку важна, важно е да се сочува наследството

Објавено пред

Турција ќе го извести УНЕСКО за промените поврзани со истанбулската Аја Софија, откако Анкара реши да го претвори музејот во џамија, рече денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.

Турскиот суд во петокот го поништи декретот од 1934 година со кој Аја Софија, некогаш византиска црква, беше прогласена за музеј, а претседателот Таип Ердоган, прогласувајќи го објектот за џамија, рече дека првите молитви ќе се одржат во рок од две недели.

По објавата на Ердоган, УНЕСКО во петокот соопшти дека ќе го разгледа статусот на ова обележје кое во моментов е на листата на Светското наследство.

Чавушоглу рече дека Анкара е изненадена од реакцијата на УНЕСКО и дека ќе ја информира организацијата за понатамошните чекори што треба да се преземат во врска со Аја Софија, која била византиска црква девет века пред Османлиите да ја претворат во џамија.

„Мора да го заштитиме наследството на нашите предци. Функцијата може да биде ваква или онаква, тоа не е многу важно“, рече Чавушоглу за државната телевизија ТРТ Хабер.

На прашањето за критиките и загриженоста што доаѓаат од Грција и други земји, на кои им се придружи и папата Франциско, Чавушоглу рече дека одлуката да се претвори Аја Софија во џамија е легална.

„Ние ја почитуваме сечија позиција, дури и ако не се согласуваме со тоа, но остро ги отфрламе коментарите дадени на начин кој ги крши суверените права на Турција“, истакна тој.

Грција во петокот ја осуди одлуката на Турција, велејќи дека тоа ќе влијае не само на односите меѓу двете земји, туку и врз односите на Турција со ЕУ.

Папата Франциско во неделата рече дека е повреден од одлуката на турските власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

До 15 часот гласале 340 лица заразени со коронавирус или во самоизолација

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива...

Топ2 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија3 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија3 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет7 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа7 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ8 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ8 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија8 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион9 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион9 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет10 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет10 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион11 час

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија11 час

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ1 ден

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет1 ден

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Досие