Свет
Над 30 загинати во две експлозии во Нигерија
Во две одвоени експлозии кои денеска се случија во Нигерија загинаа повеќе од 30 луѓе, јавија светските агенции, повикувајќи се на очевидци и полициски преставници.
Во две одвоени експлозии кои денеска се случија во Нигерија загинаа повеќе од 30 луѓе, јавија светските агенции, повикувајќи се на очевидци и полициски преставници. Агенцијата Итар-Тас наведува дека во експлозија на автомобил бомба која ја активирал бомбаш-самоубиец пред штабот на полицијата, во главниот град на Нигерија, Абуја, загинале повеќе од 30 луѓе. Според очевидци полицијата пронашла 30 трупови на местото на експлозијата која била предизвикана од автомобил марка „Мерцедес“. Се уште никој не ја презел одговорноста за терористичкиот напад, но полицијата претпоставува дека зад неа стојат припадници на исламските ултра радикални екстремисти од групата Боко харам (Западното образование е грев). Агенцијата Ројтерс ја пренесе изјавата на портпаролот на полицијата Олусола Аморе, според кого автомобилот во кој бил самоубиецот бил сопрен од полицијата и преусмерен кон паркингот поради детална контрола. Ројтерс наведува дека неколку часа по експлозијата во Абуја, четири деца загинале во експлозија која се случила на североистокот на Нигерија, во државата Борно. Радикалната исламистичка група Боко харам е осомничена за речиси сите терористички напади кои се случуваат во Нигерија. крај/ит-ро/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

