Контакт

Свет

Жените во Саудиска Арабија решени да возат

Објавено пред

Неколку жени во Саудиска Арабија денеска седнаа во своите автомобили одговарајќи на повикот на активистите да се спротивстават на забраната жените да возат.

Неколку жени во Саудиска Арабија денеска седнаа во своите автомобили одговарајќи на повикот на активистите да се спротивстават на забраната жените да возат.Апелот беше упатен преку социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. Саудиска Арабија е единствената држава во светот каде што на жените им е забрането да возат. Меѓународната асоцијација за заштита на човековите права Амнести Интернешенал ги повика властите во Саудиска Арабија да „престанат кон жените да се однесуваат како кон граѓани од втор ред и патиштата во кралството да ги отворат и за жените кои знаат да возат“. Пред десетина дена шест државјанки на Саудиска Арабија на кратко беа приведени во Ријад затоа што возеле автомобили, и покрај забраната. Тие потоа се ослободени, но со предупредување да не го повторат делото. Конзервативните кругови во Саудиска Арабија остро се противат на идејата на жените да им се дозволи да возат. Жените можат да вработат возач или да зависат од добрата волја на своите машки членови на семејството. /крај/афп/б



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

До 2027 „Хуавеј“ мора да ја отстрани целата опрема за 5Г мрежа во Велика Британија

Објавено пред

Британската влада им забрани на домашните телекомуникациски оператори да купуваат антени и опрема за 5Г мрежа произведена од кинеската компанија „Хуавеј“, пренесе „Би-би-си“.

Одлуката важи од 31 декември натаму, а покрај тоа, операторите мора да ја отстранат целата опрема на оваа кинеска компанија од нивните мрежи до 2027 година.

Секретарот за дигитални работи, Оливер Дауден, денеска ја објави одлуката во британскиот парламент.

Минатата година САД воведоа санкции кон „Хуавеј“, тврдејќи дека компанијата претставува закана за националната безбедност, што пак кинеската компанија децидно го негира.

Дауден рече дека одлуката ќе го забави воведувањето на 5Г мрежата за околу една година.

„Оваа одлука не беше лесна, но е најсоодветна за нашите мрежи и за националната безбедност и економијата, сега, но исто така и на долг рок“, нагласи тој.

Со ова, британската влада на крајот сепак одлучи да се дистанцира од „Хуавеј“ како производител на мрежната опрема за 5Г во таа земја.

Дауден исто така објасни дека крајниот рок за отстранување е поставен до 2027 година затоа што земјата не сака да се потпира само на „Нокија“ како единствен производител на опрема.

Прикажи повеќе...

Свет

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронаворусот

Објавено пред

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули.

Станува збор за третата, клучна фаза на тестирање кај луѓе, на вакцината позната како mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а американската влада инвестира речиси половина милијарда долари во проектот на концернот „Модерна“.

Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни луѓе за кои има голема веројатност да бидат заразени со коронавирус. Во текот на студијата ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу оние што ја примиле новата вакцина и оние што примиле плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави и во градот Вашингтон. Половина од нив се сојузни држави тешко погодени од епидемијата, како Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона и Северна и Јужна Каролина.

САД во последните денови бележат рекорден број новозаразени лица, особено од споменатите држави.

Акциите на „Модерна“ кон средината на денот пораснаа 2,5 процента на американската технолошка берза.

Прикажи повеќе...

Свет

Во САД, по 17 години, извршена смртна казна на сојузно ниво

Објавено пред

Во САД е извршена првата смртна казна на сојузно ниво по 17 години, а егзекутиран е човек осуден за тројно убиство, соопшти Министерството за правда.

Даниел Ли (47) беше погубен во 8.07 по локално време со смртоносна инјекција во сојузниот затвор во Индијана, се наведува во соопштението доставено до агенцијата „Франс прес“.

„Убивате невин човек“, биле последните зборови на овој осуденик, објави новинар од Индијанаполис, кој присуствувал на егзекуцијата.

Во 1999 година Даниел Ли беше прогласен за виновен за убиство на брачна двојка и нивната осумгодишна ќерка во Арканзас за време на грабеж.

Според американскиот правосуден систем, кривичните дела може да се судат или во сојузните судови на национално ниво или во државните судови на регионално ниво.

За одредени кривични дела, како што се фалсификување валути или кражба на пошта, автоматски се суди на сојузно ниво, како и во случаи во кои САД се странка или, пак, ситуации што вклучуваат уставни прекршувања.

За другите може да се суди и во федералните судови врз основа на сериозноста на злосторствата.

Според американските медиуми, семејствата на жртвите се спротивставиле на егзекуцијата, па затоа поднеле тужба за запирање наведувајќи дака поради ризикот од коронавирусот, нема да може да присуствуваат на извршувањето на смртната казна.

Ерлин Петерсон (81), чија ќерка, внука и зет биле убиени од Ли, пак, изјавила дека сакала на 47-годишникот да му биде изречена доживотна затворска казна, како што било случај со неговиот соучесник.

Уште две егзекуции на сојузно ниво се закажани за подоцна оваа недела, а четвртата егзекуција е планирана за август.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет2 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронаворусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија7 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија9 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија9 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија10 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ12 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија13 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија13 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија14 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија14 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет15 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа15 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион15 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија1 ден

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија1 ден

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија1 ден

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Досие