Свет
Ал-Завахири нема харизма
Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс во петокот во Вашингтон оцени дека новиот лидер на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Ајман ал-Завахири не поседува некои карактеристики кои како лидер ги поседуваше Осама бин Ладен.
Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс во петокот во Вашингтон оцени дека новиот лидер на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Ајман ал-Завахири не поседува некои карактеристики кои како лидер ги поседуваше Осама бин Ладен. Роберт Гејтс изјави дека долгогодишниот заменик на неприкосновениот водач на ал Каеда, Осама бин Ладен коj беше ликвидиран од американските маринци на 2-ри мај во пакистанскиот град Аботебад, Египќанецот Ајманал-Завахири ја нема „особената харизма“, ниту оперативно искуство на својот претходник. Американскиот министер за одбрана на конференцијата за медиумите изјави и дека исламските екстремисти се сомничави кон ал-Завахири поради неговото египетско потекло. Веста дека ал-Завахири станал прв човек на Ал Каеда, според Гејтс, сепак служи како потсетник дека оваа организација и натаму е присутна и дека мора да биде гонета./крај/ап/бе/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.