Свет
Гадафи:НАТО нема да нè натера на промени во земјата
Либискиот лидер Моамер Гадафи предупреди преку аудио порака дека НАТО ќе биде победен и нема да успее да го натера неговиот режим да воведе промени во земјата.
Либискиот лидер Моамер Гадафи предупреди преку аудио порака дека НАТО ќе биде победен и нема да успее да го натера неговиот режим да воведе промени во земјата. Пораката беше емитувана во време кога либиската војска ја бомбардираше Мисрата, град под контрола на опозицијата, убивајќи десет цивили, јавуваат агенциите. „Тие ќе бидат победени. НАТО сигурно ќе го победиме. Решени сме ништо да не менуваме во нашата земја, освен ако тоа не е по наша сопствена волја и далеку од авионите на алијансата“, порача Гадафи во пораката што ја пренесе телевизијата. „Ќе пружиме отпор, ќе се бориме доколку влезат на копно, ќе ги чекаме, но тоа се кукавици и нема да се осмелат“, рече гадафи, алудирајќи на силите на НАТО кои од крајот на март вршат воздушни напади врз Либија. Гадафи ги повика Либијците да почнат со подготовките за ослободување на земјата. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран почна нов бран напади
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека лансирал нов бран ракети и беспилотни летала кон земјите во регионот.
Облаци од чад се издигаа од област во близина на пристаништето во Абу Даби откако моќни детонации одекнаа над градот. Не е јасно што ја погоди областа.
Zayed Port in Abu Dhabi, UAE hit by Iranian strikes. pic.twitter.com/RUojLGQ087
— Shalinder Wangu (@Wangu_News18) March 1, 2026
Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos

