Свет
Гадафи:НАТО нема да нè натера на промени во земјата

Либискиот лидер Моамер Гадафи предупреди преку аудио порака дека НАТО ќе биде победен и нема да успее да го натера неговиот режим да воведе промени во земјата
Пораката беше емитувана во време кога либиската војска ја бомбардираше Мисрата, град под контрола на опозицијата, убивајќи десет цивили, јавуваат агенциите.„Тие ќе бидат победени. НАТО сигурно ќе го победиме. Решени сме ништо да не менуваме во нашата земја, освен ако тоа не е по наша сопствена волја и далеку од авионите на алијансата“, порача Гадафи во пораката што ја пренесе телевизијата.„Ќе пружиме отпор, ќе се бориме доколку влезат на копно, ќе ги чекаме, но тоа се кукавици и нема да се осмелат“, рече гадафи, алудирајќи на силите на НАТО кои од крајот на март вршат воздушни напади врз Либија.Гадафи ги повика Либијците да почнат со подготовките за ослободување на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес во Аргентина, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала погоди област на околу 200 километри од Ушуаја, најјужниот град во Аргентина, објави Американскиот геолошки институт (USGS).
Епицентарот на земјотресот бил на 219 километри од брегот во преминот Дрејк на длабочина од десет километри.
Преминот Дрејк е морски пат помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Антарктикот.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за цунами.
Агенцијата за управување со катастрофи во земјата издаде предупредување за дел од оддалечениот регион Магаланес, на јужниот дел на Чиле.
Предупредување за опасни бранови има и во пораката на американскиот Систем за предупредување од цунами и е на сила за крајбрежната област на 300 километри од епицентарот на земјотресот – вклучувајќи ги јужните делови на Аргентина и Чиле.
Свет
Черевко: Луѓето во Газа меѓусебно се убиваат, немаат вода

Борбите избувнуваат во Газа бидејќи резервите храна речиси се потрошени, изјави денес официјален претставник на Обединетите нации, а целосната блокада на резервите на Газа од страна на Израел трае веќе 60 дена. Од 2 март Израел целосно ги прекина снабдувањата за 2,3 милиона жители на Појасот Газа, а резервите храна складирани за време на прекинот на огнот на почетокот на годината речиси исчезнаа.
Тоа е најдолгата блокада со која се соочил Појасот Газа досега. Палестинските жители и претставниците на хуманитарните организации изјавија дека завчера во енклавата се случиле најмалку пет грабежи. Олга Черевко, хуманитарен работник во хуманитарната канцеларија на ОН (OCHA) во Газа, изјави дека насилството во заедницата во врска со снабдувањето се интензивирало.
Таа им изјави на новинарите дека денес била сведок на една таква борба. „Резервите се намалуваат додека беснее војната, резервите храна сега во голема мера се исчезнати“, изјави таа на прес-конференција во Женева преку видеоврска. „Пристапот до вода стана невозможен. Всушност, додека ви зборувам, токму овде долу, пред оваа зграда, луѓето се борат за вода. Камион за вода штотуку пристигна и луѓето се убиваат меѓусебно за вода“, рече таа.
Некои хуманитарни групи велат дека веќе им снемало резерви храна во изминатата недела и дека народните кујни се во опасност од затворање. Црвениот крст соопшти дека хуманитарниот одговор во Газа е на работ на целосен колапс.
Израел претходно негира дека Газа се соочува со криза со глад и тврдеше дека сè уште има доволно помош за да го издржи населението. Черевко рече дека гладните луѓе пребаруваат во купиштата ѓубре барајќи нешто што би им помогнало да преживеат. „Гледам деца и гледам постари луѓе како пребаруваат во овие купишта ѓубре не само барајќи нешто за горење туку и нешто за јадење секој ден“, рече таа.
Свет
Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент.
Стејт департментот соопшти дека ја менува методологијата на својот придонес во преговорите и дека повеќе нема да „лета во светот на секој повик поради одржување мировни состаноци“, објави „Телеграф“.
„Секако, ние остануваме посветени на помагањето и ќе направиме сè што можеме. Но, она што се промени е тоа што повеќе нема да летаме на половина пат околу светот кога некој ќе нè повика да посредуваме на состаноци. Сега тоа е прашање меѓу двете страни. И сега е време тие да презентираат и да развијат конкретни идеи за тоа како ќе заврши овој конфликт. Топката е на нивен терен“, изјави портпаролката на Стејт департментот за новинарите, според медиумот.