Свет
Одобрена промена на суфиксот на интернет доменот
Организацијата задолжена за управување со интернет домените денеска одобри употреба на новите суфикси со што ќе можат да бидат опфатени и приватните компании, што се оценува како почеток на новата фаза за интернетот.
Организацијата задолжена за управување со интернет домените денеска одобри употреба на новите суфикси со што ќе можат да бидат опфатени и приватните компании, што се оценува како почеток на новата фаза за интернетот. Интернет корпорацијата за доделување на имињата и броевите планира врз основ на одлуката донесена на состанокот во Сингапур значително зголемување на суфиксот на интернет адресите од постоечките 22. Се претпоставува дека стотици нови суфикси би можеле да се појават од почетокот на следната година. Наместо да завршуваат со .com, .org или .net, интернет адресите во иднина би можеле да завршуваат со било кој збор или да бидат на било кој јазик. Интернет корпорацијата за доделување на имињата и броевите апликации за новите домени ќе започне да ги прима од јануари следната година, оттаму очекуваат големите корпорации и градови да бидат меѓу првите апликанти. Новите домени ќе можат да бидат категоризирани според индустријата, географската положба и државјанството, и ќе ги вклучува арапско, кинеското и други писма. Оваа одлука е донесена по шестгодишни преговори и преставува најголема промена во системот на имињата на доменот, од моментот кога е воведен доменот .com, пред 26 години. Сега големите корпорации како што се Apple, Toyota, или BMW ќе можат со дополнително покривање на трошоците да имаат интернет страница со нивното име на крајот. Интернет корпорацијата за доделување на имињата и броевите барањата ќе ги прима од 26 јануари, а цената изнесува 185.000 долари. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

