Свет
Во Карелија загинаа тројца шефови на руски нуклеарни компании
Претставници од три руски нуклеарни компании, вклучувајќи го и речиси целото раководство на „Гидропрес“, загинаа во авионската несреќа што утрово се случи во близина на Петрозаводск, изјави за РИА Новости претставник на компанијата „Росатом“
Рано утрото во вторник во авион од типот „Туполев 134“ на руската авио-компанија „РусЕр“ кој полетал од руската престолнина Москва се урна близу аеродромот „Бесовец“ близу Петрозаводск каде што требаше да слета. Од вкупно 52 патници и членови на екипажот, загинаа 44 лица, меѓу кои и седум деца.На списокот на загинатите што набрзо по несреќата го објави руското министерство за итни состојби, се и директорот и генерален конструктор на атомската компанија „Гидропрес“, Сергеј Рижков, главниот конструктор на компанијата Николај Трунов и заменикот директор Николај Банок. Исто така, во несреќата животот го загубија и началникот на управата на „Атоменергомаш“, Валериј Лјалин и главниот технолог на ОКБМ, Андреј Трофимов. Според изворот на агенцијата, сите тие патувале на состанокот кој требало да се одржи денеска во локалната компанија „Петрозаводсмаш“.Компанијата „Гидорпрес“ (Hydropress) којашто влегува со составот на нуклеарниот холдинг „Атоменергопром“е основана 28 Јануари 1946 година. Последните години оваа компанија врши комплексни инженерски, компјутерската и теоретски, експериментални – истражување и производство на реактори за нуклеарни централи.Компанијата „Атоменергомаш“е основана во 2006 година во рамките на руската државна корпорација „Росатом“. Холдинг компанијата вклучува повеќе од 20 електроенергетски инженеринг компании, вклучувајќи и шест производствени погони, истражувачки институти, инженеринг, компании за изградба и инсталација.Отвореното акционерско друштво „Експериментално конструкторско биро за машински системи“ во рамките на државната корпорација „Росатом“ е најголемиот научно- истражувачки центар за производство на нуклеарно инженерство којшто располага со повеќе-профилни конструкторски тимови, сопствено истражување, експериментална и производствена база. Научните и индустриските потенцијали на компанијата и’ овозможија да врши целосна изградба на рани видови реакторски постројки и опрема за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА
Свет
Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена
Иранската државна телевизија објави дека началникот на Генералштабот на вооружените сили Абдолрахим Мусави е убиен во напади врз Иран.
Тој беше меѓу околу 30 клучни лидери на иранскиот режим и воени команданти за кои се тврди дека биле цел на вчерашните заеднички напади на САД и Израел.
Мусави беше тој што пред пет дена им се закани на САД во име на иранските власти, што е најтешката закана дотогаш.
„Ако овој пат направат грешка, ќе им нанесеме големи загуби, бидејќи нашите вооружени сили се решени да се спротивстават на силата што врши заплашување до самиот крај“, рече Мусави.
Фото: depositphotos
Свет
Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција
Израелската војска соопшти дека почнала широк бран напади врз цели на иранскиот режим во срцето на Техеран, во рамки на операцијата наречена „Рик на лавот“.
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата. Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се „отвори патот кон Техеран“.
Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираат дека во последните 24 часа израелски борбени авиони фрлиле повеќе од 1.200 парчиња муниција врз Иран. Според ИДФ, биле погодени стотици ирански воени цели, вклучувајќи лансери на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, трет круг сирени за тревога поради проектили се огласил на северот на Израел. Силни детонации биле слушнати и во подрачјето на Ерусалим, но засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нови сирени се огласиле во регионот на Ерусалим, како и низ Тел Авив и други градови во централниот дел на земјата, по предупредувања за дојдовен ракетен напад од Иран.

