Свет
Обама ќе се обрати до нацијата за Авганистан
Американскиот претседател Барак Обама утре во ударен вечерен термин ќе се обрати до нацијата за планот за повлекување на американските војници од Авганистан, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател Барак Обама утре во ударен вечерен термин ќе се обрати до нацијата за планот за повлекување на американските војници од Авганистан, соопшти Белата куќа.Портпаролот Џеј Карни најави дека Обама ќе објасни како ќе ја примени стратегијата за повлекување што ја објави уште во декември 2009-та, пренесе Гласот на Америка.Секретарот за одбрана Роберт Гејтс денеска изјави дека Обама морал да ја има предвид одржливоста на ситуацијата на домашен терен – и во Конгресот и меѓу американската јавност, како и условите во Авганистан. Гејтс ја уважи загриженоста во САД во врска со Авганистан, велејќи дека американскиот народ е „заморен од еднодецениската војна“.Тој рече и дека постои „огромна резервираност“ во Конгресот за војната и за обемот на американското учество.Американските медиуми повикувајќи се на извори во министерството за одбраната, објавија дека планот на Обама предвидува повлекување на 10.000 војници до крајот на годината, првите 5.000 веднаш, а другите 5.000 до крајот на 2011-та. Во моментов САД имаат распоредено околу 100.000 војници во Авганистан.Виш претставник на администрацијата потенцира дека претседателот Обама, покрај ова повлекување, ќе говори и за планот за идните повлекувања, се` до 2014-та кога авганистанските сили би преземале целосна контрола во земјата./крај/воа/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

