Свет
Обама ќе најави повлекување на војници од Авганистан
Претседателот Барак Обама вечерва ќе се обрати до нацијата за следните чекори во војната во Авганистан. Според, најавите, до крајот на годината би требало да се вратат околу 10.000 војници.
Претседателот Барак Обама вечерва ќе се обрати до нацијата за следните чекори во војната во Авганистан. Според, најавите, до крајот на годината би требало да се вратат околу 10.000 војници. Медиумите цитираат претставници на одбраната дека веднаш ќе се повлечат 5.000, а други 5.000 до крајот на 2011-та.
Портпаролот Џеј Карни, коментирајќи на медиумските шпекулации, рече дека Обама ќе објасни како ќе ја примени стратегијата за повлекување што ја објави уште во декември 2009-та во воената академија Вест Поинт во Њујорк.
Во обраќањето од Белата куќа во вечерен ударен термин, Обама, според најавите, ќе ја реафирмира заложбата на САД и НАТО за целосно предавање на одговорноста за безбедноста на Авганистан во надлежност на авганистанските сили до 2014-та.Во моментов, САД имаат околу 100.000 војници во Авганистан.
Секретарот за одбрана Роберт Гејтс изјави дека претседателот морал да ја има предвид одржливоста на ситуацијата на домашен терен – и во Конгресот, и меѓу американската јавност, како и условите во Авганистан. Гејтс ја уважи загриженоста во САД во врска со Авганистан, велејќи дека американскиот народ е „заморен од еднодецениската војна“. Тој рече и дека постои „огромна резервираност“ во Конгресот за војната и за обемот на американското учество. крај/воа/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos

