Свет
Сириските тенкови избија на турската граница
Сириските тенкови и војници денеска стигнаа на дофат на турската граница, каде што се засолнија илјадници бегалци, кои бегаат од жестоките репресии на армијата, јавуваат светските агенции
Сириските тенкови и војници денеска стигнаа на дофат на турската граница, каде што се засолнија илјадници бегалци, кои бегаат од жестоките репресии на армијата, јавуваат светските агенцииИнформацијата е невозможно да се провери од независни извори. Жители на турското село Гувечи, кое се наоѓа на самата граница тврдат дека рано изутрина на ридот кој се наоѓа на неполн километар од границата се појавиле голем број на сириски тенкови и војници. Сириската војска го сменила турското знаме кое се виорело во бегалскиот камп, а било кренато во знак на благодарност на бегалците за турската помош и веднаш го ставила сириското знаме. Истовремено, во близина на малата воена база која се наоѓа во Гувечи турската полиција поставила вреќи со песок и со двогледи го следи движењето на сиријците. Илјадници сириски бегалци во изминативе денови подигнаа повеќе импровизирани логори долж сириско-турската граница, која не се осмелуваат да ја минат од страв дека потоа нема да им биде дозволено да се вратат дома. Бегалците велат дека турската влада им ветила оти во случај на опасност ќе им биде дозволено да пребегнат на турската страна. Нема информации дека во текот на утрото некои од бегалците се обиделе да минат во Турција. Вчера жителите на Гивечи слушнале истрели од лесно оружје и експлозии кои доаѓале од ридот каде што се појавила сириската армија. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.