Свет
Новиот пакет санкции на ЕУ против Сирија стапи во сила
Новиот пакет санкции на Европската унија (ЕУ) против раководството на Сирија стапи во сила во петокот, откако одлуката на Советот на Европа денеска е објавена во службениот весник – ЕС Official Journal of the European Union, пренесуваат агенциите.
Новиот пакет санкции на Европската унија (ЕУ) против раководството на Сирија стапи во сила, во петокот, откако одлуката на Советот на Европа денеска е објавена во службениот весник – ЕС Official Journal of the European Union, пренесуваат агенциите. Со новиот пакет санкции се проширува ткн. „рестриктивни мерки“. На листата дополнително се вклучени четири сириски компании поврзани со безбедносните сили на земјата, како и седум полициски функционери коишто според ЕУ се одговорни за насилството врз цивили. Меѓу нив се блиски роднини на претседателот на Сирија, братучедите Зулима Шалиш, кого во ЕУ го сметаат е одговорен за репресијата против демонстрантите, и Рујад Шалиш за обезбедување финансиска поддршка за сириските власти. Ним име е забранет влезот во земјите членки на ЕУ и се замрзнуваат нивните финансиски средства во институциите во Унијата.На „сириската“ листа, исто така, се ставени и командантот на корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран, генерал Мохамед Али Џафари и неговите двајца заменици, коишто според ЕУ ја со специјална опрема ја снабдуваат Сирија, којашто била употребувана од страна на сириските власти при сузбивањето на демонстрациите. Претходно ЕУ веќе воведе забрана за испораки во Сирија на оружје и полициска опрема, а забранет е влезот на нејзината територија на највисокото раководство на земјата, почнувајќи од претседателот Башар ал-Асад и ги замрзна неговите финансиски средства во Европа. Од средината на март Сирија е зафатена од немирите кои почнаа во градот Дера’а на границата со Јордан, а потоа се проширија на други делови на земјата. Во текот на изминатите два ипол месеца во судирите со безбедносните сили беа убиени, според сириски активисти за човекови права, околу 1.200 луѓе. Од друга страна, според официјалните власти во Сирија, безредијата се предизвикани од акциите на „вооружените терористички елементи“ кои сириската власт ги обвинува за насилството во земјата, при што се наведува дека биле убиени повеќе од 300 припадници на војската и полицијата./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.
Свет
Сопругата на Ноам Чомски се извини за тешката грешка во врска со Епстин
Ноам Чомски и неговата сопруга Валерија направиле „тешка грешка“ и биле „непромислени“ што не го истражиле доволно добро минатото на Џефри Епстин, наведе Валерија Чомски во опширна изјава. Таа додаде дека покојниот финансиер ги измамил и манипулирал со нив. Односот на 97-годишниот лингвист и филозоф со Епстин е под лупа откако документите на американското Министерство за правда открија нови детали за нивното пријателство.
Кога Епстин во 2019 година се соочи со обвиненија за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, побарал совет од Чомски како да реагира.
„Гледав како грозно се однесуваат со тебе во медиумите и јавноста. Болно е да се каже, но мислам дека најдобро е само да продолжиш да ги игнорираш“, напишал Чомски во пораката потпишана со „Ноам“, која Епстин потоа ја проследил на соработник.
„Она што лешинарите најмногу го посакуваат е јавна реакција – тоа им овозможува простор за отровни напади, од кои многу доаѓаат од обични ловци на публицитет или разни чудовишта“, напишал Чомски.
„Тоа е особено точно сега, со хистеријата околу злоупотребата на жените, која достигна до точка каде што самото преиспитување на обвинението е полошо од убиство.“
Ноам Чомски е еден од неколкуте истакнати личности за кои се откри дека биле во пријателски односи со Епстин и по неговото признавање вина во 2008 година. Некои од пораките на Чомски до Епстин датираат и по 2018 година, кога „Мајами хералд“ објави истражување со детали за тоа како Епстин злоупотребувал малолетни девојчиња и како успеал да добие невообичаено блага спогодба во 2008 година.
Валерија Чомски признала дека ја прочитале таа приказна, но тврди дека не биле свесни за вистинскиот обем на злосторствата на Епстин сè до неговото второ апсење во јули 2019 година.
„Бевме непромислени што не го истраживме неговото минато. Тоа беше тешка грешка и поради таа лоша проценка се извинувам во име на двајцата. Ноам, пред мозочниот удар, ми рече дека се чувствува исто“, изјавила таа. Чомски доживеал тежок мозочен удар во 2023 година.
„Беше длабоко вознемирувачко за двајцата да сфатиме дека сме се дружеле со некој кој се претставувал како услужен пријател, а водел таен живот полн со криминални, нечовечки и изопачени дела.“
Валерија Чомски, втората сопруга на лингвистот со која е во брак од 2014 година, рече дека советот што нејзиниот сопруг му го дал на Епстин во 2019 треба да се гледа „во контекст“.
„Епстин му тврдеше на Ноам дека е неправедно гонет, а Ноам зборуваше од своето искуство со политички контроверзии во медиумите. Епстин ја создаде својата манипулативна верзија на случајот, во која Ноам со добра волја поверува“, напиша таа. „Сега е јасно дека сè било оркестрирано – со барем една намера на Епстин да го искористи Ноам за да го поправи сопствениот углед.“
„Критиката на Ноам никогаш не била насочена кон женското движење; напротив, тој отсекогаш ја поддржувал родовата еднаквост и правата на жените. Епстин ја искористи неговата критика на таканаречената „култура на откажување“ за да се претстави себеси како нејзина жртва“, додала Валерија.
Во други пораки што ги објави Министерството за правда, Епстин разменува вулгарна шега со Чомски, а Чомски „мечтае за карипски остров“. Валерија потврди дека таа и сопругот присуствувале на вечери во куќата на Епстин во Њујорк, престојувале во негови станови во Њујорк и Париз, вечерале на неговиот ранч во Ново Мексико и учествувале на неколку академски собири со него. Таа нагласи дека „никогаш не отишле на неговиот остров, ниту пак знаеле што се случувало таму“.
Двојката го запознала Епстин во 2015 година и, според Валерија, не знаеле за неговата осуда од 2008 за поттикнување на малолетничка на проституција. Таа рече дека Епстин се претставувал како филантроп заинтересиран за науката.
„Претставувајќи се така, Епстин го привлече вниманието на Ноам и почнаа да се допишуваат. Несвесно му ги отворивме вратите на тројанскиот коњ“, рече таа. „Епстин почна да ткае мрежа околу Ноам – праќаше подароци, организираше интересни разговори за теми што го интересираа Ноам. Жал ни е што не сфативме дека тоа беше стратегија за да нѐ фати во замка и да ги поткопа идеалите за кои се бореше Ноам.“
Валерија Чомски објасни и две финансиски трансакции. Епстин еднаш му пратил на Чомски чек од 20.000 долари како поддршка на лингвистички предизвик што го смислил Чомски. Потврди и дека Епстин му помогнал на Чомски да поврати 270.000 долари откако открил „недоследности во своите пензиски фондови што му ја загрозиле економската независност и му предизвикале голема вознемиреност“.
„Епстин понуди помош и ја даде – најверојатно како дел од својата стратегија да добие поголем пристап до Ноам. Сепак, дејствуваше исклучиво како финансиски советник во таа конкретна ситуација. Колку што знам, Епстин никогаш немал пристап до нашите банкарски или инвестициски сметки.“ Таа нагласи дека ниту еден од нив, ниту поединечно ниту како двојка, немал инвестиции преку канцеларијата на Епстин.

