Свет
Четворица руски морнари починаа од алкохол во Индонезија
Четворица членови на екипажот на еден руски брод кој е закотвен кај Борнео починаа, а тројца се во тешка состојба, откако пиеле алкохол од домашно производство, соопштија локалните власти.
Четворица членови на екипажот на еден руски брод кој е закотвен кај Борнео починаа, а тројца се во тешка состојба, откако пиеле алкохол од домашно производство, соопштија локалните власти. Портпаролот на полицијата на индонезискиот дел од Борнео, изјави дека во тек и потрагата по човекот кој е осомничен дека продавал жестоки пијалоци измешани со алкохол од домашно производство. Тој истакна дека стручњаците го анализираат алкохолот.„Се уште ги истражуваме причините за нивната смрт, аутопсијата е во тек“. Капетанот на бродот ја потврди смртта на четворицата морнари. Минатата година во слични околности умреа тројца руски инженери кои престојуваа во Индонезија. Аутопсијата тогаш покажа дека консумирале пијалок измешан со алкохол кој се користи за дезинфекција. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

