Свет
Околу 1.000 Сиријци побегнаа во Либан поради насилството во земјата
Околу 1.000 Сиријци, од кои некои со рани од куршуми, преминаа денеска во соседниот Либан, бегајќи од порастот на насилство во земјата, наведува официјално лице од либанската безбедносна служба, пренесе Асошијетед прес.
Околу 1.000 Сиријци, од кои некои со рани од куршуми, преминаа денеска во соседниот Либан, бегајќи од порастот на насилство во земјата, наведува официјално лице од либанската безбедносна служба, пренесе Асошијетед прес.
Сириските бегалци почнаа да пристигнуваат на границата со Либан, набргу откако сириските безбедносни сили отворија оган на антивладините демонстранти ширум земјата, и убија според последните податоци на сириските активисти, 20 луѓе меѓу кои две деца.
Според наводите на сириската опозиција убиени се вкупно 14.000 лица а нас 10.000 се притворени за време на тримесечните протести во кои демонстрантите бараат да се оди од власта семејството на претседателот Башар Асад кое веќе четири децении управува со Сирија.
Последниот бран на демонстрации и убиства следуваше откако меѓународната заедница го засили притисокот врз Асад.
Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг откако ЕУ ги прошири санкциите за поголемиот број на припадниците од сириската власт, рече дека нема да останат по страна додека сирискиот режим користи насилство за да го замолчи сопствениот народ./крај/ап/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos

