Свет
Во светот удвоен бројот на дијабетичари ,умираат три милиони годишно
Во последните триесет години бројот на дијабетичари во светот двојно е зголемен, па денес од оваа болест страдаат околу 350 милиони луѓе, објави денеска британското медицинско списание „The Lancet“.
Во последните триесет години бројот на дијабетичари во светот двојно е зголемен, па денес од оваа болест страдаат околу 350 милиони луѓе, објави денеска британското медицинско списание „The Lancet“.
Според наводите од списанието, во 1980. година од дијабетис страдале 153 милиони возрасни а во 2008 година, бројката достигнала 347 милиони луѓе, велат истражувањата на британските научници и научниците од американскиот „ Харвард“.
Дијабетисот, кај потешките случаеви на заболени , може да предизвика срцеви болести, инфаркт, откажување на бубрезите а во ретки случаеви може да доведе и до слепило а експертите додаваат дека во светот секоја година како последица од дијабетисот, умираат околу три милиони пациенти.
Според лекарите, бројката на заболени е во помал пораст во земјите на западна Европа, пишува весникот./крај/тл/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.