Свет
Убиени три припадника на Ал Каеда во Јемен
Јеменските безбедносни сили убија денеска три лица од групата од околу 60 наводни припадници на Ал Каеда, кои минатата седмица избегаа од затвор, пренесе Associated Press.
Овие три лица чекаа егзекуција во затворот Мукала на југот на Јемен кога затворениците ги нападнаа стражарите, им го грабнаа оружјето и избегаа низ тунел.За време на судирите во неделата, двајца пребегани затвореници убиени се од огнено оружје додека околностите под кои умрел третиот засега не се јасни, соопштија медицинските служби пренесе AP.Според безбедносни извори, истрагата за бунтот во затворот, покажа дека затворениците имале мобилни телефони и експлозивни направи, пишува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

