Свет
Кина и Виетнам за мирно решавање на поморскиот спор
Кина и Виетнам се согласни да ги решат своите поморски спорови со преговори, што е знак на попуштање на тензиите во Јужното кинеско море, област богата со нафта и гас.
Кина и Виетнам се согласни да ги решат своите поморски спорови со преговори, што е знак на попуштање на тензиите во Јужното кинеско море, област богата со нафта и гас.Односите помеѓу двете држави се заострија во последните месеци поради стариот судир околу суверенитетот над спорниот архипелаг Спратли.Според кинеското министерство за надворешни работи, двете страни се согласиле „мирољубиво да ги решат своите поморски спорови преку преговори и пријателски консултации.Кина и Виетнам во изминатите месеци меѓусебно се обвинуваа за упади на бродови во територијалните води на едната, односно на другата држава. /крај/т/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

