Свет
Најмалку 25 загинати во исламистички напад во Нигерија
Најмалку 25 лица загинаа во неделата навечер во Нигерија во напад на бар во градот Маидугуриа, за кој се обвинети исламисти кои фрлиле експлозив и потоа отвориле оган врз локалот, пренесува АФП повикувајќи се на безбедносни извори и очевидци.
Најмалку 25 лица загинаа во неделата навечер во Нигерија во напад на бар во градот Маидугуриа, за кој се обвинети исламисти кои фрлиле експлозив и потоa отвориле оган врз локалот, пренесува АФП повикувајќи се на безбедносни извори и очевидци.Двајца мотористи, припадници на екстремната исламистичка групација Боко Харам фрлиле бомби и стрелале врз многу посетуваниот бар „Дала Кабомпи“ во педградие на Маидугуриа, административен центар на сојузната држава Борно, во североисточниот дел од Нигерија.Според полициски и воени извори кои сакале да останат анонимни, триесетина од гостите во локалот се тешко ранети, а напаѓачите го искористиле метежот што настанал по експлозијата за да исчезнат.„Тешко е да се одреди точната бројка загинати, но не може да има помалку од дваесетина. Се’ наведува на тоа дека напаѓачите знаеле дека бројни гости доаѓаа во овој кварт во текот на викендот“, изјавил воен офицер./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи
Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али Хамнеи во невидена кампања за собирање разузнавачки информации, објави синоќа британски „Индипендент“.
Службениците ги надгледувале високо обучените и лојални обезбедувачи, телохранители и возачи на високи ирански функционери за да го забележат нивниот „модел на живот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Овие податоци во реално време, вклучително и од камерите фокусирани на личниот комплекс на Хамнеи, биле шифрирани и пренесени назад до серверите во Тел Авив и јужен Израел.
Тие беа во можност да утврдат каде стражарите ќе ги паркираат своите автомобили преку инфилтрирана безбедносна камера свртена кон домот на ајатолахот.
„Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим“, изјави за весникот сегашен израелски разузнавачки службеник.
„И кога го познавате (местото) исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, го забележувате секое нешто што не е на свое место“.
Планот за убиство на ајатолахот постоел со месеци и бил изменет кога се дознало дека врховниот лидер лично ќе присуствува на состанок кај него дома, изјавија официјални лица.
На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.
Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.
Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.
Свет
САД дозволија евакуација на дел од персоналот од Кипар, Јордан и Пакистан
Американскиот Стејт департмент ги овласти службениците на американската влада кои не се вклучени во итни задачи, како и на нивните семејства, да го напуштат Кипар поради конфликтот поврзан со Иран.
Мерката е донесена поради ограничената можност на амбасадата на САД во Никозија да им помогне на американските државјани.
Во исто време, амбасадата на САД во Јордан ги откажа состаноците и им наложи на вработените и на американските државјани да побараат засолниште. Патничкиот совет за Јордан е на ниво „преиспитајте го патувањето“, поради ризици од тероризам и вооружен конфликт.
Стејт департментот нареди и персоналот што не е неопходен во конзулатите во Карачи и Лахор во Пакистан да ја напушти земјата со своите семејства.
Одлуката следува по протестите во Карачи, при кои биле убиени 10 лица и повредени околу 60, откако демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пренесе Ал Џезира.
Свет
(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен
Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад врз Иран, по што следуваа ирански напади со дронови и ракети, пренесе Си-Ен-Ен.
@cruise_life26 Pemandangan dari kapal Mein Schiff 4 yg berada di ABU DHABI, perang Amerika-Israel vs Iran #kapalpesiar #meinschiff #dubai #perangiranisrael #iran ♬ suara asli – Cruise life
Најмалку шест бродови од неколку компании се погодени од ситуацијата. Крузерите што пловат во Персискиот Залив не можат да поминат низ Ормутскиот теснец, а воздушниот простор во регионот е затворен, што ги отежнува и повратните летови.
@sanddra38 Hey Macarena…MSC Entertainment Team – Fabulous!! #ineedmorelikesonmyvideo #travelqueenno17 #singalong #msceuribia #macarena ♬ original sound – TRAVEL QUEEN NO.17
На бродот MSC Euribia, закотвен во Дубаи, патници изјавиле дека слушнале експлозии и виделе како се пресретнуваат ракети и дронови. И покрај тоа, атмосферата на бродот останала речиси нормална.
@hittamputihh_ #dubai #hopeeverybodysafe #msceuribia #2026 #fyppppppppppppppppppppppp ♬ suara asli – Reres – RereMall
Некои патници продолжиле да се сончаат, да играат и да се забавуваат покрај базенот, додека над нив се пресретнувале дронови. Дури била организирана забава со музика, пијалоци и танцување.
Иако дел од патниците велат дека ситуацијата изгледа надреално, повеќето нагласуваат дека на бродот нема паника. Сепак, многумина се загрижени кога и како ќе се вратат дома, особено поради затворениот воздушен простор и хаосот на аеродромите.
@dzoanalifestyle 😢 Cruise on Mein Schiff 5. It was supposed to be a fun adventure on the ship ⛴️ but something bad happened 😞 I hope it ends soon and we can return safely to Poland… #MeinSchiff #vacation #cruise #FYP ♬ оригинальный звук – kolb
Се верува дека шест крузери моментално се закотвени во пристаништа во Дубаи, Доха и Абу Даби, додека компаниите чекаат нови безбедносни насоки.

