Свет
Претседавањето на Полска со ЕУ ќе биде одбележано со штрајкови
Претседавањето на Полска со Европската унија (ЕУ) од први јули до крајот на годината ќе биде проследено со бран штрајкови, а најголемиот веќе е најавен за 17 септември во Вроцлав.
Претседавањето на Полска со Европската унија (ЕУ) од први јули до крајот на годината ќе биде проследено со бран штрајкови, а најголемиот веќе е најавен за 17 септември во Вроцлав.Овој штрајк ќе го организира Европската конфедерација на синдикални сојузи за време на одржувањето на заседанието на министрите за финансии на ЕУ.Во Вроцлав се очекува да пристигнат најмалку 50.000 гневни работници од сите краишта на Унијата.Водечкиот полски синдикат Солидарност за утре, ден пред преземањето на претседателството од страна на полската влада, најави во Варшава голем штрајк под мотото „Политиката ваша, бедата наша“.Полските работници бараат покачување на минималната плата, привремено намалување на акцизите на горивата, зголемување на бројот на корисници на социјална помош, како и да се отфрли климатско-енергетскиот пакет на ЕУ.Полскиот премиер Доналд Туск не го оспорува правото на протести, но го осуди моментот кој Солидарност го одбра за одржување на својот протест, воочи церемонијата на превземање на претседателството со ЕУ.„За Полска не постои полоша работа, од тоа насила да се прикаже, спротивно на фактите, дека на државата и се заканува слична ситуација како во Грција“, рече Туск. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

