Свет
Асад го смени гувернерот на Хама, поради масовните протести
Сирискиот претседател Башар Асад во саботата го повлече од функцијата гувернерот на Хама, Ахмад Калед Абдул Азиз, јави сириската телевизија.
Сирискиот претседател Башар Асад во саботата го повлече од функцијата гувернерот на Хама, Ахмад Калед Абдул Азиз, јави сириската телевизија. Сменувањето на првиот човек на градот Хамa, кој се наоѓа 210 километри северно од сириската престолнина Дамаск, во кој е активна силната исламистичка опозиција, доаѓа откако во петокот се одржаа најмасовните протести во градот кога според процените на дописниците на странските агенции околу половина милион луѓе излегоа на улиците на Хама, барајќи промена на режимот. Во почетокот на 80-тите години на минатиот, Хама беше центар на востанието на движењето „Муслиманско братство“. При задушувањето на бунтот од страна на сириската армија загинаа околу 20 илјади луѓе. Гувернерот на Хама е третиот челник во регионот сменет од должност откако во средината на март годинава во јужниот дел на Сирија избија масовни протести. Пред Азиз, беа сменети провинциските гувернери на градовите Дера’а и на Хомс.Протестите во Сирија почнаа на 18-ти март годинава, како одговор на апсењето на група ученици кои пишувале антивладини графити. Протестите потоа се проширија и на остатокот од земјата, а досега во судирите со силите за безбедност загинаа 1.350 луѓе.Демонстрантите главно бараа крај на законот за вонредна состојба, воведен во 1963 година, воведување на политички слободи и крај на енормната корупција. Подоцна протестите се проширија на уште неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и некои предградија на Дамаск.Протести на опозицијата во Сирија, продолжуваат и покрај владините најави на амбициозна програма за реформи, особено по укинувањето на вонредната состојба воведена од 1963 година, кое беше едно од главните барања на опозицијата.Од друга страна, според официјалните власти во Сирија, безредијата се предизвикани од акциите на „вооружените терористички елементи“ кои сириската власт ги обвинува за насилството во земјата, при што се наведува дека биле убиени повеќе од 300 припадници на војската и полицијата./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ќе го пречека претседателот на Колумбија во Белата куќа на почетокот на февруари
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска објави дека во првата недела од февруари ќе го пречека колумбискиот претседател Густаво Петро на разговори во Белата куќа.
„Сигурен сум дека ќе биде многу добро и за Колумбија и за САД, но кокаинот и другите дроги мора да бидат запрени пред да влезат во Соединетите Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Зборовите на Трамп претставуваат промена во тонот по месеците остри критики кон Петро и неговата влада, обвинувајќи го колумбискиот претседател дека управува со „фабрики за кокаин“.
Трамп објави дека тој и Петро разговарале по телефон во средата и се согласиле да се сретнат во Белата куќа, но не го прецизираше точниот датум на средбата.
Во изјавите објавени денеска, Петро рече дека Трамп му рекол во телефонски разговор дека размислува за воени операции во Колумбија, што е поврзано со регионалните тензии по американската воена операција во Венецуела.
„Трамп ми рече во телефонски разговор дека размислува за лоши работи во Колумбија. Пораката беше дека тие веќе се подготвуваат, планираат воена операција“, изјави Петро за шпанскиот весник „Ел Паис“, додавајќи дека верува оти заканата е замрзната по разговорот, но призна: „Можеби грешам“.
Петро рече дека Колумбија нема капацитети за воздушна одбрана, но повика на народен отпор во случај на таква воена операција во неговата земја.
Средбата треба да се одржи во време кога односите меѓу САД и Колумбија се обидуваат да се стабилизираат и да се префрлат кон дијалог, и покрај широко распространетите разлики околу политиката за дрога и регионалната безбедност.
фото/депозитфотос
Свет
Венецуела сака да ги обнови дипломатските односи со САД
Венецуелската влада започна да истражува опции за проширување на дипломатските односи со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји. Стејт департментот соопшти дека американските претставници го проценуваат „потенцијалното продолжување“ на работењето на амбасадата во јужноамериканската земја.
Вашингтон и Каракас сигнализираа подготвеност за соработка по американската воена операција од минатата недела што резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Неговата потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен шеф на државата.
„Венецуелската влада одлучи да започне прелиминарен дипломатски процес со американската влада, со цел повторно воспоставување дипломатски мисии во двете земји“, соопшти венецуелската влада.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела е знак за „барање мир“ и дека како резултат на тоа го откажал планираниот втор бран напади.
Во среда, Трамп рече дека САД „се сложуваат многу добро“ со венецуелската влада предводена од Родригез, особено кога станува збор за обнова на нафтената и гасната инфраструктура.
фото/епа
Свет
Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му посака среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, според писмото што Орбан го објави на својата Фејсбук страница.
Во писмото, Трамп наведува дека „смелото лидерство“ на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додаде дека со нетрпение очекува „продлабочување на соработката“ во областите на одбраната, енергетиката и нелегалната миграција, пишува агенцијата „Ројтерс“.
„Секогаш цврсто сте стоеле во одбрана на принципите што ја прават Унгарија толку исклучително место – религијата, семејството и суверенитетот“, напиша Трамп во писмото.
Националистот Орбан се соочува можеби со најтешкиот предизвик во неговите 16 години на власт, со комбинација од економска стагнација во Унгарија, зголемување на трошоците за живот и скандал со малолетнички притворен центар што го зајакнува опозицискиот ривал чија партија води во повеќето анкети.
Изборите се очекуваат во април.
Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата да ја посети Унгарија, наведувајќи дека неговиот тим „ќе биде во контакт“ во врска со распоредот. Во понеделник, Орбан рече дека посетата на „високо рангиран“ американски политичар е веројатно да се случи пред изборите.
фото/епа

