Свет
Англиканците ги преиспитуваат ставовите за хомосексуалност

Англиканската црква ќе ги преиспита своите ставови за хомосексуалните односи и ќе ја разгледа можноста да им дозволи на хомосексуалците да станат свештеници, прашање коешто со години предизвикува поделби во англиканската заедница, се вели во официјалниот документ што го објави црквата во саботата.
Англиканската црква ќе ги преиспита своите ставови за хомосексуалните односи и ќе ја разгледа можноста да им дозволи на хомосексуалците да станат свештеници, прашање коешто со години предизвикува поделби во англиканската заедница, се вели во официјалниот документ што го објави црквата во саботата. Минаа шест години откако беше објавена пасторалната декларација, како реакција на цивилното партнерство“, на хомосексуалците во Велика Британија во декември 2005 година, се потсетува во соопштението на Англиканската црква.„Подготовката на тој документ беше последната можност за Црквата долгорочно да се позанимава со прашањето на истополните односи. Одлучивме дека е време да се преиспита оваа изјава“, се содава во соопштението. Англиканската црква ќе одлучува „дали може свештениците во цивилно партнерство да бидат избрани на свештеничка функција“, истакна свештеникот од Норвил, Греам Џонс кој истапи во саботата во името на Англиканската црква. „Декларацијата од 2005 година не ја споменуваше оваа тема. Ревизијата ќе биде довршена во 2012 година“, додаде свештеникот Џонс кој нагласи дека по ова ќе следува уште една година консултации. Англиканската црква има околу 77 милиони верници во целиот свет./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Воз во Русија налета на експлозив поставен под шините

Во рускиот Белгородски регион воз налета на експлозивна направа, предизвикувајќи експлозија, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Според прелиминарните информации, возот налетал на експлозивна направа поставена под шините“, напиша тој.
Повредени нема, но оштетена е контактната мрежа на железничката пруга.
Железничкиот сообраќај е привремено во прекин. Сите служби за итни случаи се на терен.
Свет
Трамп бара имиња на странските студенти кои студираат на „Харвард“: Сакаме да знаеме од каде се

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација сака имиња и земји на сите странци кои студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат за финансирање на образованието на нивните студенти.
„Зошто Харвард не соопшти дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, и додека некои од нив воопшто не се пријателски расположени кон Соединетите држави, тие не плаќаат ништо за образованието на своите студенти, ниту пак имаат намера да го направат тоа“, напиша Трамп на „Тру соушал“.
Тој истакна дека неговата администрација сака да знае кои се и од каде се странските студенти и додаде дека Харвард „не е многу отворен“.
„Ги сакаме тие имиња и земји“, рече Трамп.
Според податоците на Харвард, во оваа учебна година 27 отсто од студентите доаѓаат од странство, а најмногу се од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија.
Во учебната 2024-2025 година на Харвард беа запишани 6.793 студенти на додипломски и магистерски студии од 147 земји.
Странските студенти немаат право на какво било федерално финансирање, според делот за финансиска помош на веб-страницата на Харвард, додавајќи дека колеџот има свои пари за стипендии, кои се достапни за странски студенти.
Свет
Малта ќе ја признае Палестина следниот месец

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.
Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“.
„Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на израелското бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци.
Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.