Свет
Бурата Арлен усмрти 11 луѓе во Мексико

Тропската бура Арлен којашто го погоди Мексико усмрти најмалку 11 луѓе а речиси 300 илјади останаа без покрив над главата, соопштија мексиканските власти.
Тропската бура Арлен којашто го погоди Мексико усмрти најмалку 11 луѓе а речиси 300 илјади останаа без покрив над главата, соопштија мексиканските власти.Ова е првата поголема бура оваа сезона на Атлантикот, која во четвртокот ги погоди источните и централните делови на Мексико, проследена со силни ветрови кои предизвикаа и лизгање на земјиштето.Бурата го зафати поголемиот дел од Мексико, со неа беа погодени 20 сојузни држави, вклучувајќи го и главниот град и неговата околина, како и монденското летувалиште Акапулко на Пацифичкиот брег. Според првичните извештаи, поради излевањето на реките и лизгање на земјиштето, без домови останале околу 278 илјади луѓе во 143 општини. Ураганските ветрови практично ги уништиле сите плантажи на шеќерна трска и кафе. Според предвидувањата на научниците од Националната метеоролошка служба на Мексико, оваа година се очекуваат 17 урагани, од кои осум во Тихиот Океан а девет во Атлантскиот Океан и Карипското Море. Во Атлантикот сезоната на ураганите почнува на 1-ви јуни.Минатата 2010 година, беше најдождливата сезона во Мексико, кога загинаа 125 луѓе, а речиси милион лица останаа без домови, додека вкупната штета беше проценета на четири милијарди американски долари. Сезона на ураганите со најкатастрофални последици во Атлантикот досега беше онаа од 2005 година кога американскиот брег беше погоден од четири урагани од кои и најсилниот Катрина во која животите ги загубија повеќе од 1.400 луѓе./крај/ро/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев.
Само неколку часа пред планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот претседател му се јави на Владимир Путин, што предизвика загриженост и сомнеж во Киев за американските намери.
Трамп му рече на Путин дека наскоро ќе следи состанок на високи американски и руски претставници, по што ќе следи нова средба во Будимпешта.
Двајцата претседатели последен пат се сретнаа во Алјаска во август. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп „верува дека е сè уште можно“ да ги донесе Путин и Зеленски на иста маса, но нема планови украинскиот претседател да се придружи на самитот.
Вашингтон, исто така, разгледува дали Украина може да добие крстосувачки ракети Томахавки, но набљудувачите веруваат дека таквата одлука би била тешко да се донесе во време кога САД се обидуваат да отворат нов канал кон Москва.
„Трамп се врати на идејата за прекин на огнот од самитот во Алјаска, сега со надеж дека крајот на војната во Газа би можел да поттикне и мир во Украина“, пишува дописникот на „Скај њуз“ од САД, Дејвид Блевинс.
Би-би-си: Ова е политички ладен туш
Сепак, во Киев тоа е ладен туш. Дописникот на Би-би-си, Џон Садворт, вели дека повикот на Трамп до Путин, за кој Кремљ тврди дека е инициран од Русија, „нема да биде сфатен како добар знак“ во Украина.
Пред неговото патување во Вашингтон, помошниците на Володимир Зеленски рекоа дека забележале промена во тонот во Белата куќа – тие верувале дека Трамп почнува да „го гледа светот низ нивните очи“. Тие се надевале дека оваа недела ќе биде моментот кога тој ќе добие одобрение за испорака на американските ракети Томахавк и можност за удар подлабоко на руска територија.
Наместо тоа, пишува дописникот на Би-би-си во Киев, Путин е награден со уште еден состанок со американскиот претседател. „Заборавете ги Томахавките – ова изгледа како политички ладен туш“, заклучува Садворт.
Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.
Свет
Кремљ: Путин го предупреди Трамп за време на разговорот

Во денешниот телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Веста беше потврдена од Кремљ во официјално соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Кремљ, Путин изразил загриженост поради можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ескалација на конфликтот. Предупредувањето јасно посочи дека таков потег од страна на Вашингтон би имал директни негативни последици врз билатералните односи на двете сили.
Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека Путин во разговорот нагласил дека руските сили во моментов имаат „целосна стратешка иницијатива“ по целата линија на фронтот во Украина.
Ушаков додаде дека денешниот повик, кој траел речиси два и пол часа, бил инициран од руска страна. Тој, исто така, објави дека на планираниот нов самит меѓу двајцата претседатели ќе му претходи разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се очекува да се одржи во наредните денови, пренесува index.hr.
Фото: принтскрин