Свет
Швајцарија замрзна 31,8 милиони долари на Сирија
Швајцарската влада замрзна 27 милиони швајцарски франци (31,8 милиони американски долари) финансиски средства поврзани со сириското раководство на територијата на Швајцарија
Швајцарската влада замрзна 27 милиони швајцарски франци (31,8 милиони американски долари) финансиски средства поврзани со сириското раководство на територијата на Швајцарија, јавува во неделата Асошиетед прес повикувајќи се на портпаролот на Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија, Антје Берчи.Тој ги потврди информациите на локалните медиуми дека овие мерки биле преземени во рамките на новите санкции коишто Европската унија (ЕУ) ги донесе против сирискиот претседател Башар Асад и 22 други високи претставници на властите во Сирија. Во моментов во Швајцарија исто така се замрзнати средствата што им припаѓаат на агенции и припадници на режимот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, во вредност од околу 767 милиони долари, како и 484 милиони долари на поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак и 70 милиони долари на поранешниот претседател на Тунис, Зине Ел-Абидине Бен Али.Новиот пакет санкции на ЕУ против раководството на Сирија стапи на сила на 24-ти јуни. Новиот пакет санкции претставува проширување на ткн. „рестриктивни мерки“. Листата вклучува четири компании од Сирија поврзани со безбедносните сили на земјата, како и функционери кои според ЕУ се одговорни за насилството врз цивилите. Меѓу нив се и роднини на претседателот на Сирија, Зулима Шалиш кого во ЕУ го сомничат дека е вклучен во примената на насилство против демонстрантите, и Ријад Шалиш кој има улога во обезбедувањето финансиска поддршка за властите во Сирија. Ним им е забранет влезот во земјите на ЕУ и замрзнати се нивните финансиски средства на територијата на Унијата. На „сириската“ листа исто така се вклучени и командантот на иранската Револуционерна гарда, Мохамед Али Џафари и двајцата негови заменици, кои според ЕУ ја снабдуваат Сирија со специјална опрема којашто била користена од страна на полицијата во сузбивањето на демонстрациите./крај/ап/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

