Свет
Во Италија разобличена група хакери од Anonymous
Италијанската полиција ги утврди идентитетите на организаторите и на двајца припадници италијанската гранка од хакерската група Anonymous, кои од јануари 2011 година неколкупати ги нападнаа веб-страниците на владини агенции и компании, пишуваат италијанските медиуми во вторникот.
Италијанската полиција ги утврди идентитетите на организаторите и на двајца припадници италијанската гранка од хакерската група Anonymous, кои од јануари 2011 година неколкупати ги нападнаа веб-страниците на владини агенции и компании, пишуваат италијанските медиуми во вторникот.Припадниците на специјална единица на италијанската полиција кои работат на истраги во кривични дела од областа на информатичките технологии, направиле 32 проверки низ целата земја и една во швајцарскиот кантон Тичино со помош на локалната полиција. Како резултат на операцијата тие го откриле идентитетот на организаторот на италијанскиот гранка на меѓународната хакерска група Anonymous. Според дневниот весник Corriere della Sera, станува збор за 26-годишен Италијанец кој живее во соседна Швајцарија. Покрај тоа, полицијата открила уште други двајца хакери од оваа група, од кои еден е малолетник. Anonymous во првите шест месеци на 2011 година направија четири упади во интернет страниците на италијанската влада, на сенатот и палатата на пратениците во националниот парламент, како и на страниците на неколку големи италијански компании, како и сајтови на италијанската компанија Eni, Finmeccanica и банката Unicredit.Хакерската група Anonymous стана светски позната кон крајот на 2010 година, кога нејзините членови организираа серија напади на интернет страниците на компании и организации, кои се обидоа да ја блокираат работата на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, меѓу нив и страниците на PayPal, Visa и MasterСard./крај./анса/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат
Глобална трансформација е пред нас, истакна денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така почна 2026 година“, наведе Орбан во објава на Фејсбук.
Тој рече дека најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.
„Ова е нашиот пат. Патот на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека тоа е спротивно на патот на Брисел, кој вклучува воени планови, средства на ЕУ кои, според Орбан, методично се крадат во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Лавров: Западот сам се изолира, поттикнува антируска хистерија
Западот, обидувајќи се да ја изолира Русија, дозволи крајно срамни ситуации на мултилатерални настани, а на крајот дојде до самоизолација на западниот свет, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Имаше апсолутно срамни ситуации кога на меѓународни настани, како што е Г20, се договорија да не се ракуваат со руските претставници. Кога нè гледаа во ходниците во близина на салата за состаноци, се преправаа дека го тргаат погледот и бегаа од нас – возрасни луѓе“, рече Лавров во интервју за време на манифестацијата „Јолка желја“ (Божиќна желба), пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Русија активно ја развива дипломатијата со она што сега го нарекува „глобално мнозинство“ во Азија, Африка и Латинска Америка, истакнувајќи дека Западот, всушност, сам се изолирал. Лавров, исто така, ги критикуваше европските политичари дека поттикнуваат антируска хистерија.
Свет
Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина
Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија.
По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која се наведува и дека Соединетите Американски Држави ќе интервенираат воено во случај на нов напад од Русија, како и дека ќе го водат механизмот за надзор на почитувањето на прекинот на огнот.
На состанокот на Вајмарскиот триаголник, формат покренат во 1991 година во истоимениот германски град, подоцна денеска треба да му се придружи и индискиот министер Субрахманијам Џајшанкар, со кого ќе се разговара и за зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Индија, но и за предизвиците во регионот на азиско-пацифичкиот простор.
Фото: Depositphotos

