Свет
Баросо: Полска носи позитивна порака за проширувањето
Полска носи позитивна порака за проширувањето на Европската Унија, изјави претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, по денешното претставување на приоритетите на полското претседателство пред европратениците во Стразбур.
Полска носи позитивна порака за проширувањето на Европската Унија, изјави претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, по денешното претставување на приоритетите на полското претседателство пред европратениците во Стразбур.Според Баросо, Полска покажува дека проширувањето не е во спротивност со идејата за развој на унијата.“Најголемите политички сили ја оправдуваат оваа визија. Но, истовремено слушнавме и многу агресивни изјави од одредени евроскептици и еврофоби. Зошто ова се случи? Бидејќи вистината е дека многу од нив очекуваа проширувањето на ЕУ да значи помалку посветеност на самата унија и сега тие гледаат дека најголемата нова членка, Полска доаѓа со вистински ентузијазам, доверба, оптимизам – ентузијазам, доверба, оптимизам што сакаме да ги видиме во сите главни градови на ЕУ. И тие беа разочарани. Тие беа длабоко разочарани бидејќи Полска носи позитивна порака за иднината на Европа – велејќи дека проширувањето на Европа треба да оди понатаму, но и дека проширувањето не е во спротивност со развојот на ЕУ“, изјави Баросо.Приоритетите на полското претседателство денеска беа претставени пред Европскиот парламент од страна на премиерот Доналд Туск. Во чест на денешниот ден, полската делегација донесе три тони јагоди со кои беа почестени европратениците. /крај/ec.europa.eu/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

