Свет
Терористите – самоубијци вградуваат експлозив во телата

Британскиот весник „Дејли Меил“, дојде до информации од американските разузнавачки извори, дека терористите можат да користат бомби кои хируршки ги вградуваат во телата и поради тоа безбедноста на аеродромите мора да се подигне на повисоко ниво.
Британскиот весник „Дејли Меил“, дојде до информации од американските разузнавачки извори, дека терористите можат да користат бомби кои хируршки ги вградуваат во телата и поради тоа безбедноста на аеродромите мора да се подигне на повисоко ниво.
Како што пишува весникот, мажите – терористи ќе ги вградуваат бомбите во слепото црево и задникот, додека жените ќе имаат експлозивен материјал во градите, вграден на ист начин како и имплантите.
Експертите објаснуваат дека експлозивните материи во телото ќе бидат сместени во пластични вреќички, а ќе се детонираат со помош на поткожен шприц, низ кожата во вреќичката.
Бомбашот може да се преправа дека си вбризгува инсулин поради дијабетис, за да одбегне спречување на неговата самоубиствена мисија.
„Дејли Меил“ пишува и дека со оваа метода терористите тешко би можеле да бидат откриени, но веќе се спомнува како постојат скенери кои идентификуваат хемикалии, експлозиви и дрога на аеродромите низ повеќе градови во светот.
По смртта на Осама бин Ладен зголемена е приправноста и надзорот на аеродромите, владините згради и другите објекти поради можна одмазда./крај/дм/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс.
Инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525.
Леталото проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата.
Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени.
Во моментот се преземаат мерки за отстранување на леталото од пистата, а аеродромот останува затворен до понатамошно известување.
Од Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинија на патниците за доцнењата на пристигнувачките и поаѓачките летови и најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.
Свет
Масовни протести во Шпанија против корупција

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа денес во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција.
Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, велејќи му на Санчез да „поднесе оставка“.
Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица што истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.
Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата, кажувајќи им на новинарите дека спроведувала истражување за книгата и дека не работи во име на партијата или на Педро Санчез, а потоа ја напуштила Социјалистичката партија.
Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.
Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.
Владин претставник во Мадрид процени дека на демонстрациите имало помеѓу 45.000 и 50.000 луѓе.
Свет
Тропската бура Барбара се формираше покрај брегот на Мексико

Тропската бура Барбара се формираше покрај југозападниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами рано утрово. Не се издадени предупредувања за крајбрежна опасност.
Брзината на ветерот беше околу 75 километри на час со повремени силни налети. Се очекува бурата да прерасне во ураган во понеделник.
Во делови од мексиканските држави Гереро, Мичоакан, Колима и Халиско можни се обилни врнежи од дожд од 5 до 10 сантиметри, а на некои места и до 15 сантиметри. Врнежите од дожд можат да доведат до поплави и лизгање на земјиштето.