Свет
Демонстрантите во Египет порачаа дека револуцијата не е завршена
Десетици илјади Египќани денеска излегоа на улиците на неколку градови во земјата, барајќи исполнување на ветувањата откако од власта беше симнат претседателот Хосни Мубарак.
Десетици илјади Египќани денеска излегоа на улиците на неколку градови во земјата, барајќи исполнување на ветувањата откако од власта беше симнат претседателот Хосни Мубарак. Демонстрантите бараат оставки од сите припадници на претходниот режим, а кои се уште се наоѓаат на високи позиции во земјата. Учесниците на протестите бараат и казни за полицајците кои учествуваа во растурањето на масовните демонстрации против Хосни Мубарак, а во кои животите ги загубија речиси 850 луѓе. Најмногу луѓе се собраа на познатиот плоштад Тахир во каиро, каде демонстрантите носеа пароли на кои пишуваше „Нашата револуција продолжува“ и „Народот бара да се исполнат ветувањето на арапската пролет“. Повеќе илјади демонстранти се собраа во Александрија, 10.000 луѓе протестираа во Суец. Во познатото летувалиште Шарм ел-Шеик противниците на Мубарак се собраа пред болницата во која се наоѓа поранешниот претседател на Египет, барајќи тој да го напушти градот, затоа што неговото присуство му штетело на туризмот. Демонстрациите се одржани на повик на младите продемократи и Муслиманското братство. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?
Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина синоќа, објави „Киев Индепендент“.
Меѓу загинатите е и еден болничар, жртва на таканаречен „двоен удар“, додека 14 од 19 повредени се хоспитализирани, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Еден болничар е убиен, а четворица други се повредени додека им помагале на луѓето, во округот Дарницки“, рече тој. Неколку области во градот беа погодени во нападите.
Властите објавија дека станбените згради во областите Печерск и Десњански претрпеле штета од беспилотни летала и остатоци, додека пожар избувнал во округот Шевченински. Во округот Дарницки, дрон се урна во дворот на станбена зграда, оштетувајќи ги блиските згради, а во округот Днипровски, пожари зафатија две станбени згради.
Three people killed and six more injured by the Russian attack on Kyiv tonight.
The attack continues, Russian drones are all over the city, Kalibr missiles expected to strike soon. https://t.co/XSOLNpb4U9 pic.twitter.com/jrnRNa3Vpx
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 9, 2026
Ударните бранови го оштетија покривот на друга зграда, а остатоците паднаа и на детско игралиште. Поради нападите врз критичната инфраструктура, делови од главниот град останаа без снабдување со вода и електрична енергија.
Првите експлозии во Киев беа регистрирани околу 23:45 часот по локално време, кога противвоздушните одбранбени системи почнаа да дејствуваат против воздушни цели.
Russian drones flying low over Kyiv residential areas.
It is much harder for air defense to shoot them down due to their low flight and weather conditions. https://t.co/AiQC4rHx6m pic.twitter.com/SrScxBJU7h
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 8, 2026
Воздухопловните сили претходно предупредија за закана од балистички ракети и движење на беспилотни летала кон главниот град. Нова ракетна закана беше издадена за целата земја околу 2:13 часот наутро, откако беа забележани руски борбени авиони. Дополнителни експлозии од крстосувачки ракети го потресоа Киев околу 3:00 часот наутро, додека Русија ја продолжи својата ноќна офанзива.
Балистичка ракета го погоди Лавов, дали е Орешник?
Во текот на ноќта, Русија, исто така, испука ракети во Лавов, најзападниот голем град во Украина, насочувајќи се кон критична инфраструктура, објави градоначалникот Андриј Садови. Украинската војска соопшти дека ракетата – чиј тип сè уште не е официјално потврден – била лансирана од полигонот Капустин Јар во рускиот регион Астрахан.
Security camera footage which appears to capture tonight’s strike by a Russian “Oreshnik” Intermediate-Range Ballistic Missile (IRBM), equipped with a Conventional Multiple Independently Targetable Reentry Vehicle (MIRV), earlier against the Lviv Oblast of Western Ukraine. pic.twitter.com/LikuWRRgtS
— OSINTdefender (@sentdefender) January 8, 2026
Западната команда на украинските воздухопловни сили подоцна потврди дека нападот бил извршен од балистичка ракета што се движела со брзина од 13.000 километри на час. „Видот на ракета со која руските агресори го нападнаа градот ќе биде утврден по проучувањето на сите негови елементи“, изјавија тие.
Капустин Јар е познат како место од каде што е лансирана руската балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, за која е потврдено дека досега е употребена само еднаш, во нападот врз Дњепарк во ноември 2024 година.
Зеленски предупреди за нападот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди само неколку часа претходно дека Русија планира голем напад. „Постојат информации дека вечерва може да се случи уште еден масовен руски напад. Многу е важно да се обрне внимание на воздушните предупредувања денес и утре и секогаш да се оди во засолништа. Русите воопшто не се промениле. Тие се обидуваат да го искористат времето“, рече Зеленски.
И покрај мировните преговори, Русија продолжува да ги бомбардира украинските градови, честопати насочувајќи ја енергетската инфраструктура за да остави цели региони без електрична енергија и греење среде зима. Како резултат на неодамнешните напади, повеќе од еден милион луѓе во регионот Дњепарк останаа без вода и греење од вчера наутро.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels

