Свет
Хакери упаднаа во компјутерската мрежа на главен снабдувач на Пентагон
Припадници на хакерската група Anonymous украле околу 90 илјади електронски адреси и лозинки од компјутерска мрежа на компанија Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton ), еден од најголемите снабдувачи на Пентагон, и ја објави листа на украдените адреси на јавниот домен
Ова во вторникот го објави преку микроблогот на Твитер, AnonymousIRС Една од клучните области на „Буз Ален Хамилтон“ – е развојот на софтвер и хардвер системи за информатичка безбедност, и овој инцидент може да претставува тежок удар врз угледот на компанијата. Хакерите ја објавија листата на украдените електронски адреси, како и лозинките (пасвордите) кои се енкриптирани, несоодветни за пристап до е-мејл акаунтите, пишува Reuters.Сепак, криминалците можат да гi користат украденте електронски адреси и, вклучувајќи ги и адресите на клиентите на Буз Ален Хамилтон, за испраќање спамови.Претставниците на Буз Ален Хамилтон одбија за Reuters да го коментираат овој факт.Во текот на изминатите два месеци, ова е втор хакерски напад врз еден од најголемите партнери на американскиот Пентагон. Во мај цел на хакерски напад беше производителот на воена опрема Локид Мартин (Lockheed Martin), чија компјутерска мрежа беше извесно време под владение на непознати хакери. Според експертите, природата на нападот на Локид Мартин ја покажува неговата темелна подготовка, а Anonymous обично се користат со релативно едноставни методи за „напади“.Оваа група првенствено е позната по нападите од минатата година на страниците на „непријателите“ на контроверзнито итнернет ресурс WikiLeaks – PayPal, Visa и MasterСard., како и по неодамнешното обединување со друга група на хакери позната како LulzSec. Последни цели на на нивните напади беа итнернет ресурсите на компаниите на Sony, Nintendo, Google, и Citigroup, како и на американскиот Сенат и на ЦИА, итнернет страниците на претседателот и на владата на Бразил, како и други интернет ресурси.Минатата седмица италијанската полицијата ги утврди идентитетите на организаторите и двајца припадници италијанската гранка од хакерската група Anonymous, кои од јануари 2011 година неколкупати ги нападнаа веб-страниците на владини агенции и компании.Покрај тоа, полицијата открила уште други двајца хакери од оваа група, од кои еден е малолетник. Anonymous во првите шест месеци на 2011 година направија летри упади во итнеренет страниците на италијанската влада, на сенатот и палатата на пратениците во националниот парламент, како и на страниците на неколку големи италијански компании, како сајтовите како на италијанската компанија Eni, Finmeccanica и банката Unicredit.Хакерската група Anonymous стана светски позната кон крајот на 2010 година, кога нејзините членови организираа серија напади на итнернет страниците на компании и организации, кои се обидоа да ја блокираат работата на разобличувачкиот интеренет ресурс WikiLeaks.Според неофицијалната класификација, групата LulzSec е вброена во ткн сиви хакери. Тоа се сајберхулигани кои се пробиваат до содржините на интернет страниците или привремено ги вадат од употреба, не за свои цели, туку за да му докаже на сопственикот на страницата дека можат да му ја нарушат безбедноста или, пак, од одмазда.Досега истражните органи не успеаја ефикасно да се спротистават на активностите на LulzSec, кои се чувствуваат многу безбедни. Така минатата седмица LulzSec отвори телефонска „жешка линија“ преку која корисниците можат да се жалат на која и да е интернет страница. Доколку раководството на LulzSec оцени дека „тужбата“ е основана групата го користи своето „мрежно оружје“.На 25-ти мај беше објавено за хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson кој резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти. Според експертите, нападот врз страницата на јапонско-шведската компанија Sony Ericsson првенствено бил насочен кој јапонскиот Sony. Неодамна во целиот свет беше изведен бран од сајбер напади а само последните неколку дена од мај стана познато дека се компромитирани четири интернет ресурси на Sony.При последниот напад неидентификувани лица успеале да добијат неовластен пристап до базата со податоци која содржи информации за регистрирани корисници на канадската онлајн продавница на Sony Ericsson eShop.Како што објави интернет страницата The Hacker News, по влезот хакерите на интернет објавиле фајл со имиња, адреси на електронската пошта и лозинки (лозинките на корисниците не се дадени откриено, туку се трансформираат преку хеш-функцијата).Како што пишуваше Cnet, хакерите ја нападнале интернет страниците на јапонската, грчката и индонезиската подружница на Sony Music Entertainment. При хакирањето на грчката страница истекле лични податоци на повеќе од осум илјади корисници. Листата на компромитиран лични информации вклучува имиња и лозинки, телефонски броеви и адреси од електронска пошта.Според податоците на The Hacker News , нападите врз Sony Ericsson и Sony Music Entertainment биле технички слични, спроведени со помош на ткн SQL-инјекција. Овој метод овозможува со помош на специјално подготвен пребарувач на серверот да се добие пристап до системот ист каков што имаат администраторите во однос на просечниот корисник.Околу 18-ти мај интернет страницата на тајландската филијала на Sony, една од страниците на ресурсот, беше заменета од страна на непознати лица, најверојатно со цел да се измамат банкарски податоци на посетителите на ресурсот. Покрај тоа, исто така кон средината на минатиот месец, хакери успеале да ги турнат ресурсите на јапонски интернет провајдер So-net, во сопственост на корпорацијата Sony.Серијата напади против Sony започна во април, кога хакерската група Anonymous извесен период извади од функција неколку веб сајтови на корпорацијата. Скорешниот потоа напад на забавните сервиси Sony PlayStation Network, Qriocity и Sony Online Entertainment беше причината за истекување на личните податоци на повеќе од 100 милиони корисници. Како што очекува корпорацијата, загубата поради хакерскиот напад би можела да изнесува повеќе од 170 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата
Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во северниот италијански град, објавуваат италијанските медиуми. Некои демонстранти фрлаа пиротехника и се судрија со полицијата.
Milano. Solo una parola. CRIMINALI. pic.twitter.com/8yRaYrCeS2
— Azzurra Barbuto (@AzzurraBarbuto) February 7, 2026
Група од околу 100 демонстранти, претежно радикални левичари, фрлаа петарди, димни бомби и шишиња кон полицијата откако се одвоија од главната толпа во Милано, градот домаќин на Олимписките игри. Полицијата во опрема за немири и со штитови одговори со водни топови во обид да ја растера групата, од која некои носеа качулки и шалови за да ги покријат лицата. Редот беше воспоставен по неколку минути. Неколку учесници во немирите беа уапсени.
Полицијата беше во состојба на висока готовност по насилните судири за време на протестите во Торино минатиот викенд, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.
„Ројтерс“ објави дека повеќе од 5.000 луѓе излегле на улиците на Милано поради трошоците за домување и еколошките проблеми. Демонстрантите носеа транспаренти со кои осудуваа низа проблеми, од употребата на вештачки снег и сечење дрвја до кризата со домувањето во финансискиот и моден главен град на Италија.
„Игрите повеќе не се одржливи од еколошка или социјална гледна точка, нивното време истече“, изјави демонстрантката Франческа Мисана (29).
Критичарите на Зимските олимписки игри се жалат на влијанието на инфраструктурата врз кревката планинска средина, како и на широката употреба на вештачки снег што троши многу енергија и вода.
Други велат дека за многумина, Милано стана град во кој повеќе не можат да живеат поради зголемените трошоци за живот поради приливот на богати нови жители привлечени од даночната шема.
Свет
Зеленски: САД ги притискаат Русија и Украина да ја прекинат војната пред летото
САД сакаат Москва и Киев да најдат решение за тоа како да се стави крај на војната во Украина пред летото, изјави претседателот Володимир Зеленски. Неговата изјава ја пренесе „Ројтерс“.
Во изјава за новинарите објавена од неговиот кабинет денес откога Украина и Русија одржаа дводневни разговори со посредство на САД во Абу Даби оваа недела, Зеленски рече дека Вашингтон предложил разговори во Мајами за една недела и дека Киев се согласил со тоа.
Зеленски, исто така, ја критикуваше Русија поради нападот врз украинските енергетски постројки извршен преку ноќ, велејќи во коментарите објавени на „X“ дека на Москва мора да ѝ се одземе можноста да го користи студеното зимско време како средство за влијание против Киев.
Фото:Депоситотос
Свет
Франција ги истражува поранешниот министер за култура и неговата ќерка за измама поврзана со Епштајн
Француските финансиски обвинители соопштија дека отвориле истрага против поранешниот министер за култура Џек Ланг и неговата ќерка Каролин Ланг под сомнение за „перење пари поврзано со сериозна даночна измама“ во случај поврзан со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија француските медиуми.
Се зголемува притисокот врз Ланг да поднесе оставка од функцијата претседател на Институтот за арапски свет во Париз, откако документите објавени од Министерството за правда на САД минатата недела покажаа дека Епштајн и Ланг повремено се допишувале помеѓу 2012 година и смртта на Епштајн во затвор во 2019 година.
Француските медиуми, вклучувајќи ги „Ле Монд“, „Ле Фигаро“ и „Медиапарт“, објавија дека прелиминарната истрага е отворена откако документите на Министерството за правда на САД открија години преписка и финансиски врски меѓу Ланг и Епштајн, вклучително и оние во странство.
Канцеларијата ја потврди истрагата, но не даде дополнителни детали.
Џек Ланг, кој негира какво било кривично дело, е повикан на сослушување од Министерството за надворешни работи, надзорниот орган на Институтот за арапски свет, културна и истражувачка институција која промовира разбирање на арапскиот свет.
„Џек Ланг беше државен министер, тој ќе донесе одлука со чиста совест“, изјави неговиот адвокат Лоран Мерле за француските медиуми, одговарајќи на повиците Ланг да ја напушти институцијата.
Името на Ланг се појавува повеќе од 600 пати во досиејата на Епштајн, според прегледот на документите од страна на Ројтерс.
Пред шест дена, ќерката на Ланг, Каролина, поднесе оставка од функцијата раководител на Францускиот синдикат на независни продукции откако се открија нејзините врски со Епштајн. Ланг вели дека тоа е неправда
„Џек Ланг верува дека презентирањето на фактите е многу неправедно, но тој е борец и ќе ги даде сите потребни објаснувања на неговото надзорно тело и на судовите за да докаже дека не бил вмешан во никакво недолично однесување или кривично дело што може да му се припише“, рече неговиот адвокат.
„Немаше трансфер на средства… Но, мислам дека е нормално судијата да сака да го испита тоа“, рече тој, додавајќи дека се надева оти обвинителот ќе дејствува брзо.
Објавувањето на документите ја интензивираше истрагата за глобалните врски на Епштајн со јавни личности, вклучувајќи го Британецот Ендрју Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс, и Питер Манделсон, поранешниот британски амбасадор во Соединетите Држави.
Фото:ЕПА

