Свет
Во Египет нестрпливи поради бавните промени
Неколку илјади луѓе во петокот низ цел Египет излегоа на мирни протести барајќи од Врховниот совет на вооружените сили (AFSC) кој раководи со земјата по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак, конечно да ги спроведат реформите
Денешните протести кои се спроведоа под мотото „Петок на последното предупредување“ се одржаа на повик на 28 партии и групации, а најмасовниот беше одржан на веќе славниот каирски плоштад Тахрир, кој беше центарот на драматичните збиднувањата со коишто беше соборен деценискиот режим на претседателот Хосни Мубарак. Според агенцијата Mena, Египќаните се нестрпливи и незадоволни од бавното спроведување на политичките промени, а меѓу другото бараат и казнување на одговорните функционери за убиствата на демонстрантите во текот на народното востание, судење на главните личности од поранешниот режим, прераспределување на богатството, запирање на сите воени процеси против цивили и подобри услови за живеење, што подразбира отворање работни места и решавање на станбениот проблем што претставуваат двата најголеми проблема на Египет.Откако долго време остана без одговор на барањето на граѓаните, во средата Врховниот совет на вооружените сили ја поддржа револуцијата и нејзините идеи. Советот се обиде да го амортизира незадоволството на народот по објавувањето дека се откажуваат закажаните парламентарни избори за септември. Изборите се одложен за месец или два.Преодниот премиер Есрам Шараф вели дека ги разбира сите проблеми на своите сонародници, но тврди дека му е потребно уште време за да ги спроведе реформите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

