Свет
Талибаните го убија советникот на Карзаи

Талибаните во понедленикот ја презедоа одговорноста за убиството на Џан Мохамед Кан, советникот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кого вчера го убија двајца вооружени мажи во напад на неговиот дом во Кабул, пренесе AFP
Џан Мохамед Кан е вториот близок соработник на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи кој е убиен во рок од нецел месец. Полубратот на Карзаи, Ахмед Вали Карзаи беше убиен минатиот вторник во Кандахар за што, исто така, одговорноста ја презедоа талибаните.„Нашите муџахедини го натераа Џан Мохамед Кан да плати за своите дела“, рече гласноворникот на талибанците Забинулах Муџахид, пренесе агенцијата.Напаѓачите на Кан беле убиени од страна на полицајци во вооружена пресметка.Џан Мохамед Кан беше гувернер во покраината Урузган. Како и Вали Карзаи и тој беше еден од најблиските соработници и човек од доверба на Карзаи.Братот на претседателот на Авганситан и претседател на провинцискиот Совет на Народните претставници на провинцијата Кандахар, Ахмад Вали Карза беше убиен минатиот вторник од шефот на неговото лично обезбедување Мохамад Сардар. Убиецот веднаш бил застрелан од страна на другите телохранители на Вали Карзаи, дополни авганистанската агенција.Претставникот на талибаните, Јусуф Ахмади веднаш во вторникот за AFP изјави дека талибаните ја преземаат одговорноста за атентатот. Ахмади додаде дека талибаните неодамна го задолжиле својот припадник Мохамад Сардар да го убие Ахмад Вали Карзаи.Ахмад Вали Карзаи, кој беше влијателна фигура во владејачките структури во провинцијата Кандахар, во неколку наврати беше споменуван во западните медиуми во врска со производството и транспорт на дрога и трговијата со дрога од источните авганистански провинции. Претходно, имаше неколку обиди за негова ликвидација, но тој секогаш се извлекуваше неповреден.Ахмад Вали Карзаи е контроверзна личност во Авганистан кој беше доведуван во поврзаност со вносната трговија со опиум. Во документите што минатата година ги објави WikiLeaks беше наведено дека Ахмад Вали Карзаи е еден од главните нарко босови во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.
Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.