Свет
Во Кина погубени двајца функционери за корупција

Во Кина во вторникот наутро се погубени двајца поранешни заменици на градоначалници во два града во источниот дел од земјата, правосилно се осудени на смрт поради примање мито во милионски доларски суми, пренесува Синхуа повикувајќи се на соопштение на кинескиот Врховен суд
Ксу Маијонг поранешниот заменик на градоначалникот на градот Ханжу, и Џијанг Ренџи, заменик на градоначалникот на Сужу, се осудени на смрт поради примање мито и злоупотреба на службената положба.Ксу ја искористил својата положба и службените овластувања за да мести извршители во јавните набавки и помогнал на претпријатија и поединци противзаконски да се стекнат со имот, напредувања и даночни олеснувања“, го цитира Синхуа соопштението на кинеските судски власти.Ксу Маијонг примил околу 22,4 милиони долари мито, а уште околу седум милиони долари испумпал од јавните претпријатија и низ постапки на наддавање во јавните набавки, додава агенцијата.Џијанг Ренџи примал исто така мито, меѓу кои и повеќе од 18 милиони долари во готовина од инвеститори во големи градежни проекти/Двајцата функционери се жалеа на пресудите, но сите повисоки судски инстанци ја потврдија првостепената казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија испраќа нова помош за Украина

Велика Британија ќе додели дополнителни 16 милиони фунти хуманитарна помош за Украина по уништувањето на браната Каховка.
Помошта се состои од 10 милиони фунти за Црвениот крст, 5 милиони фунти за Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) и 1 милион фунти за Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Чамци, општински филтри за вода, пумпи за вода ќе бидат испорачани во Украина и се очекува да пристигнат следната недела.
Свет
Ватикан објави нови детали за здравствената состојба на папата: „Добро закрепнува, но нема да држи неделно обраќање“

Закрепнувањето на папата Франциско по операцијата оди добро, но лекарите го советувале утре да не им се обраќа на верниците од балконот на болницата, за да не се заморува.
Серџо Алфиери, главен хирург во болницата Гемели каде што папата беше опериран пред неколку дена, рече дека 86-годишниот папа ги прифатил сугестиите на лекарите, пренесе Ројтерс.
Папата Франциско се согласи и со препораките на лекарите да остане во болница најмалку уште една недела.
Поглаварот на Римокатоличката црква во средата беше подложен на тричасовна операција поради абдоминална хернија.
Свет
(Видео) Објавена прва снимка од извлекувањето на децата по 40 дена поминати во амазонската џунгла

На социјалните мрежи објавено е прво видео од четирите деца кои преживеале 40 дена во џунглата во Колумбија.
Снимен е моментот кога ги спасува авион на воздухопловните сили.
Неухранети и изедени од инсекти, ги пронајде војската четирите деца кои 40 дена живеле сами во џунгла по авионска несреќа во Колумбија. Преживеале силни бури во еден од „најнегостопримливите“ делови на земјата, каде живеат опасни животни, но и вооружени групи.
🇨🇴 | ÚLTIMA HORA: Primer video de los cuatro niños que sobrevivieron 40 días en las selvas del Guaviare. Este es el momento en que son rescatados por un avión de la Fuerza Aérea. #guaviare #Colombia #Selva #URGENTE pic.twitter.com/Cw8MeKs6jf
— eljournalnews.ec (@eljournalnewsec) June 10, 2023
По падот на авионот на 1 мај, во леталото беа пронајдени тројца мртви возрасни лица, меѓу кои и мајката (33). Но, од децата, до денес, немаше ни трага, ни глас.
„Гардијан“ претходно објави детали за децата и како успеале да ја победат смртта која со секој изминат ден станувала се’ поизвесна.