Свет
„Атлантис“ слета, заврши тридецениската шатл програма на НАСА
Вселенскиот шатл „Атлантис“ изутринава за последен пат слета на пистата на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со што стави крај на 30-годишната историја на оваа програма на американската вселенска агенција НАСА
Вселенскиот шатл „Атлантис“ рано изутрина за последен пат слета на пистата на Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, со што стави крај на 30-годишната историја на оваа програма на американската вселенска агенција НАСА„Атлантис“, кој во својот работен век измина 8,4 милиони километри, го започна согорувањето на ткн. деорбитирање при влезот во атмосферата на Земјата, во текот на кое моторите ќе работат само малку над три минути со цел да ја забават огромната брзина со која шатлот влегува во атмосферата, во 10 часот и 49 минути. „Хјустон, мисијата е комплетирана“, кратко јави командантот на шатлот Крис Фергусон, на што од контролата на мисијата ја искористија приликата да му честитаат и на екипажот, но и на илјадниците професионалци и волонтери кои помогнаа во тридецениската програма „која што инспирираше милиони луѓе ширум планетата“.Слетувањето на „Атлантис“ означи и крај на ерата во која САД доминираа со вселенските истражувања со човечки екипаж, оставајќи Русија како единствена вселенска сила која може да врши повратен транспорт до вселенската станица. Крајот на оваа програма исто така се поистовети со 42-годишнината откако првиот човек, американскиот астронаут Нил Армстронг, стапна на месечината на 20-ти јули 2969 година. Во текот на програмата, пет ракетоплани на НАСА, „Атлантис“, „Челинџер“, „Колумбија“, „Дискавери“ и „Ендевор“ ја сочинуваа флотата дизајнирана да биде првата флота од вселенски летала кои може повеќекратно да се употребуваат. Првиот лет шатлот го имаше на 12-ти април 1981 година. Ракетопланите „Челинџер“ и „Колумбија“ беа уништени во несреќи во кои загинаа и нивните екипажи, вкупно 14 астронаути, со што во флотата останаа само три ракетоплани и „Ентерпрајс“, прототип кој никогаш не доби шанса да полета во вселената. Астронаутскиот оддел на НАСА сега брои само 60 луѓе, споредено со 128 во 2000-та година, а илјадници луѓе веќе се отпуштени од своите работни места во Вселенскиот центар „Кенеди“, што предизвика силни критики дека НАСА е без визија и целосно ќе го загуби приматот во оваа област. Но, администраторот на вселенската агенција, чарлс Болден, тврди дека идните мисии подлабоко во вселената, на кои сега ќе им се посвети агенцијата, наскоро ќе го вратат угледот на НАСА.„Претседателот ни даде задача: до 2025 година да слетаме на астероид, а до 2030 година да бидеме подготвени за мисија на Марс со човечки екипаж. Не чека огромна работа“, вели Болден.Пистата е на само неколку километри од местото каде што „Атлантис“, заедно со другите ракетоплани, ќе биде поставен како музејски експонат. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање
Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното депортирање во последните месеци било засновано на „лаги, измами и притисоци“, јавија американските медиуми . Со наредба е утврдено дека на депортираните семејства требало да им биде дозволено да останат во САД, согласно правен договор кој го регулирал одвојувањето на околу 6.000 деца од родителите на границата во 2018 година. Секоја мајка имала дозвола да остане во САД до 2027 година со хуманитарна виза.Судијката на американскиот окружен суд во Сан Диего, Дана Сабрау, наведе дека администрацијата на Доналд Трамп, исто така мора да ги плати трошоците за нивното враќање.
Една жена со три деца, вклучувајќи и шестгодишен американски државјанин, беше депортирана во Хондурас во јули, откако ѝ беше наредено да се пријавува најмалку 11 пати во Службата за имиграција и царина (ICE) за време на два месеца, поради што, како што рече, ја загубила работата.
Сабрау го одби аргументот на Владата дека семејството доброволно ги напуштило САД. Жената рече дека службениците на Службата ја посетиле дома и ѝ побарале да потпише документ со кој се согласува на заминување, но таа одбила.
Другите две семејства, идентификувани само со иницијали, биле депортирани под слични околности.
Во рамките на политиката на „нула толеранција“, родителите се разделувале од децата за да бидат кривично гонети кога нелегално ја преминуваат границата. Судијката Сабрау во јуни 2018 година нареди прекин на разделувањето, неколку дена откако Трамп сам го запре по силен меѓународен притисок. Договорот забранува применувањето таква политика до 2031 година.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА

