Свет
Забраната за носење бурка стапи на сила во Белгија
Забраната за носење на јавни места на традиционалната муслиманска облека за жените – бурка и никаб (шамија со отвор само за очите) од саботата 23-ти јули стапи на сила, објавија белгиските медиуми.
Забраната за носење на јавни места на традиционалната муслиманска облека за жените – бурка и никаб (шамија со отвор само за очите) од саботата 23-ти јули стапи на сила, објавија белгиските медиуми.За непочитување на забраната е предвидена казна затвор до седум дена и парична казна од 137,5 евра.Според податоците со кои оперираат белгиските медиум, бурка во Белгија постојано носат само околу 270 муслимански жени. Во април годинава, Долниот дом на федералниот парламент на Белгија по вторпат го изгласа законот со кој се забранува „јавното“ носење бурка и никаб, што беше потврдено и од Сенатот. Првично законот беше одобрен од Претставничкиот дом во април 2010 година, меѓутоа, поради оставката на владата којашто минува низ голема политичка криза, официјалниот текст на законот не беше довршен а привремениот владин кабинет немаше овластувања повторно да го стави законот пред парламентарците.Главниот аргумент во полза на донесувањето на законот за забрана за носење никаб и бурка беше дека овој вид облека ја попречува идентификацијата на лицата што ја носат.Пред стапувањето на сила на новиот закон, две муслиманки поднесоа жалби до уставниот суд на Белгија, барајќи забраната да биде укината.Првата земја од Европската унија којашто го забрани носењето на женска исламска облека којашто целосно го покрива на лицето, беше Франција, каде што забраната стапи на сила на 11-ти април. Во јули и септември 2010 година законот беше изгласан и во двата дома на францускиот парламент, а во октомври, законот беше одобрен од Уставниот Совет./крај/афп/сп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

