Свет
Хаџиќ одби да се изјасни за вината

Хашкиот обвинет Горан Хаџиќ на денешното прво појавување пред Хашкиот трибунал одби да се изјасни за вината по 14 точки на обвинението кое го товари за злосторства над несрпскиот народ во Хрватска во периодот од 1991. до 1993. година, пренесе Бета.
Хашкиот обвинет Горан Хаџиќ на денешното прво појавување пред Хашкиот трибунал одби да се изјасни за вината по 14 точки на обвинението кое го товари за злосторства над несрпскиот народ во Хрватска во периодот од 1991. до 1993. година, пренесе Бета.
Привремениот адвокат на Хаџиќ, Велимир Петровиќ на судијата О- Гон Квон му рече дека неговиот клиент сака да го искористи своето права и да го одложи изјаснувањето за вината за месец дена, додека не именува стален бранител.
Обвинението, пред три дена побара измена на обвинението од 14 точки, така што Хаџиќ се сомничи за периодот од август 1991 година до крајот на 1993, година наместо до јуни 1992.година, како што беше наведено во првобитното обвинение објавено во 2004.година.
Во периодот кој е опфатен со обвинението, Хаџиќ беше премиер на на таканаречената Српската автономна област Славонија, Барања и западен Срем, а подоцна и претседател на самопрогласената Република Српска Краина./крај/бе/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Научна студија во 2019 предвидува нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан оваа година

Тензиите меѓу Индија и Пакистан нагло ескалираа по терористичкиот напад минатиот месец во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир, во кој беа убиени 26 лица. Со растот на стравувањата од војна, неколку пакистански политички и воени претставници се заканија дека ќе употребат нуклеарно оружје.
Во таква нестабилна ситуација, повторно се пушта во оптек научен труд од 2019 година објавен од „Раутлеџ“. Студијата предвиде нуклеарен конфликт меѓу Индија и Пакистан оваа година, предизвикан од терористички напад со голем број жртви.
Авторите на студијата предвидоа сценарио во кое голем терористички напад, првично замислен како напад врз индискиот парламент, ја поттикнува Индија да распореди трупи по должината на линијата на контрола (LoC), а Пакистан одговара со иста мера. Со зголемувањето на тензиите, има гранични судири и смртни случаи од двете страни, што доведува до брза ескалација.
„Исто како и во јануари 2002 година, обете страни мобилизираат и распоредуваат војници. Избувнуваат судири и има смртни случаи од обете страни“, се вели во текстот.
Прва употреба на нуклеарно оружје
Според оваа симулација, кога индиските сили почнуваат да напредуваат кон пакистанска територија, пакистанските генерали, плашејќи се од воен пораз, одлучуваат да употребат нуклеарно оружје.
Ден 1: Пакистан користи 10 тактички нуклеарни бомби (по 5 килотони секоја) на своја територија против индиски тенкови.
Ден 2: Пакистан испалува уште 15 тактички бомби. Индија одговора со 20 стратешки нуклеарни експлозии во воздух над воените инсталации и складиштата за нуклеарно оружје на Пакистан.
Овие напади предизвикуваат огромни пожари и облаци од чад, слични на оние по бомбардирањето на Хирошима или пожарот во Сан Франциско во 1906 година.
Ескалација што никој не може да ја спречи
Наместо да го заврши конфликтот, ескалацијата на Индија води до уште посмртоносен трет ден: Пакистан одговара со 30 воздушни напади врз индиските воени гарнизони, поморски бази и аеродроми, заедно со уште 15 тактички напади. Потоа Индија напаѓа 10 пакистански воени цели во градовите.
Студијата опишува катастрофална верижна реакција: гнев, паника, недоразбирања и строги воени протоколи од двете страни што водат до целосна нуклеарна војна.
Во текот на следните три дена, Пакистан го користи целиот свој стратешки нуклеарен арсенал од 120 боеви глави, насочувајќи се кон индиските градови. Индија возвраќа со 70 нуклеарни напади воздух-воздух и чува уште 100 боеви глави во резерва за да ја одврати Кина од напад, но иронијата е што претходно не успева да го одврати Пакистан.
Последици за целиот свет: Десетици милиони мртви, милијарди погодени
Доколку обете земји имаат по околу 250 нуклеарни боеви глави, авторите предупредуваат на ужасни последици: од 50 до 125 милиони мртви во првиот бран, во зависност од моќноста на оружјето, големите индиски и пакистански градови би биле уништени или би станале непогодни за живеење, а би дошло и до целосен колапс на инфраструктурата: здравствената заштита, транспортот, снабдувањето со енергија и финансиите би биле уништени.
Чадот и екстремните пожари би предизвикале климатски промени што би влијаеле на целиот свет и би довело до глад што би можел да погоди милијарди луѓе. „Последиците би биле огромни и глобални по размер“, заклучува студијата.
Свет
Недостиг на работна сила во Британија: тинејџери ќе возат возови

Владата на Велика Британија одлучи да ја намали минималната возраст за управување со возови од 20 на 18 години поради недостаток на работна сила, објави Министерството за транспорт, пренесува Скај њуз.
Одлуката е донесена поради податоците што покажуваат дека досега имало дури 87 проценти откажувања на возењата поради недостаток на возачи.
Моменталната минимална возраст за влез во железничкиот сектор е 20 години, но со оглед на тоа што бројот на возачи се приближува кон пензионирање – просечната возраст на британски возач е 48 години, а дури 30 проценти од возачите се очекува да се пензионираат до 2029 година.
Земји како Франција, Германија, Холандија и Швајцарија веќе ја намалија минималната возраст за машиновозачи.
Обуката за управување со возови на главните линии обично трае помеѓу една и две години, а стандардите за проценка и квалификација на машиновозачите нема да се променат.
Индустриската организација „Одбор за безбедност и стандарди на железницата“ спроведе истражување кое покажува дека 18-годишниците можат безбедно да станат машиновозачи, пренесува медиумот.
Нови работни места и програми би можеле да бидат достапни веќе од декември, според соопштението на DfT.
Министерот за транспорт Хејди Александар изјави дека владата ги „подготвила железниците за иднината“ за да ги намали „доцнењата и откажувањата предизвикани од недостаток на возачи“.
Свет
Зеленски: Мора да се спроведат мерки што ќе ја лишат Русија од ресурси за водење војна

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес упати сочувство до семејствата на загинатите и повредените во нападите на руските сили во текот на ноќта и посочи дека мора да се спроведат мерки што ќе ја лишат Русија од ресурси за водење војна.
„Во текот на ноќта, Русите лансираа четири балистички ракети и 142 дронови“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Како што изјави тој, десетици дронови сè уште кружат над украинското небо.
„Киев беше двапати погоден, прво со балистички ракети, а потоа и со беспилотни летала наутро“, напиша тој.
Според него, службите за итни случаи во моментов се на терен и им пружаат помош на луѓето.
„Моментално има извештаи за седум повредени, вклучувајќи четири деца. За жал, една жена и нејзиниот син беа убиени. Мое сочувство до семејството и роднините“, рече Зеленски.
Тој изјави дека од синоќа имало бројни напади врз регионите Запорожје, Донецк, Житомир, Херсон и Дњепар.
„Службите за итни случаи се распоредени на сите овие локации. По рускиот напад со балистички ракети врз Велика Чернечина во Сумската област, Русите почнаа да фрлаат бомби и да го гранатираат подрачјето, токму кога беа во тек спасувачките операции“, рече Зеленски.
Само значително зголемен притисок врз Русија и построги санкции можат да го отворат патот за дипломатија, додаде тој.
„Мора да се спроведат мерки што го лишуваат агресорот од ресурси за водење војна за да се воспостави траен мир. Им се заблагодарувам на нашите партнери кои го делат овој став и ни помагаат“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на сите што ѝ помагаат на Украина во воздушната одбрана.
Тој нагласи дека Русија мора да биде одговорна за своите постапки.
Две лица се убиени во нападот врз Киев синоќа, потврдија извори блиски до градските власти, објави Укринформ.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на Телеграм дека беспилотни летала ги погодиле горните катови на станбена зграда во Шевченковската област во главниот град.
Кличко изјави дека вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и четири деца.