Контакт

Свет

Погребот на Ејми Вајнхаус денеска во присуство само на најблиските

Објавено пред

Погребот на британската пејачка Ејми Вајнхаус ќе биде денеска, а на него ќе присуствуваат само семејството и блиските пријатели, наведе портпаролот на семејството.

dobivaj vesti na viber

Погребот на британската пејачка Ејми Вајнхаус ќе биде денеска, а на него ќе присуствуваат само семејството и блиските пријатели, наведе портпаролот на семејството.Тој додаде дека времето и местото на погребот на пејачката нема да бидат јавно соопштени.Ејми Вајнхаус е пронајдена мртва во саботата во својот стан во северен Лондон. Таа со години се бореше против зависноста од дрога и алкохол.Вчера објавената аутопсија во Лондон не ја утврди причината за смртта на Ејми, а полицијата најави дека ќе бидат спроведени и токсиколошки анализи чии резултати се очекуваат за две до четири недели.Полицијата соопшти дека смртта на пејачката ја смета за „неразјаснета“, но не и сомнителна, со оценка дека невкусни се претпоставките дека Ејми Вајнхаус умрела од преголема доза дрога. /крај/ап/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мерц: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат трошоците за одбрана

Објавено пред

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана, со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина, изјави денес новиот германски канцелар Фридрих Мерк.

dobivaj vesti na viber

„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите капацитети и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз, на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка, објави Ројтерс.

Германскиот канцелар, исто така, рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да можат да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.

Посетата на Мерц на Париз е негово прво патување во странство како канцелар.

Како што е најавено, Мерц по Франција ќе ја посети Полска, а наскоро е планирана и посета на Украина.

Прикажи повеќе...

Регион

Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден

Објавено пред

Од

Авионот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, со кој утрово во 11 часот полета за Москва, е приземјен во Баку и во моментов не може да го продолжи своето патување, бидејќи нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради воените операции, јавува репортер на Танјуг. Се чека одобрение за продолжување на летот.

Аеродромите во Москва се, исто така, моментално затворени.

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала, принудувајќи ги повеќето аеродроми во руската престолнина да се затворат токму кога кинескиот претседател Си Џинпинг требаше да пристигне за да ја прослави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во изминатите неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.

За потсетување, претходно беше закажано српскиот претседател да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во петок, што беше објавено и од Кремљ.

Според „Спутник“, не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за руската престолнина.

На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Не знаев дека Русија е исклучена од Светското првенство

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп беше изненаден кога му беше соопштено дека руската фудбалска репрезентација нема да може да учествува на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, поради санкции.

dobivaj vesti na viber

На состанокот на работната група за организација на Светското првенство во 2026 година, што се одржа во Белата куќа, претседателот Трамп изјави дека не знаел оти руската репрезентација нема да може да учествува на Светското првенство и дека ова може да биде добар поттик за Русија да ја прекине војната против Украина, објави Би-Би-Си.

„Точно е. Тие моментално се под санкции и им е забрането учество на Светското првенство. Но, се надеваме дека ќе дојде до мир и дека Русија ќе може да се вклучи“, рече претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, кој седеше до претседателот Трамп.

„Па, тоа би можело да биде добар поттик (за Русија). Сакаме да ја запрат (војната). Пет илјади млади луѓе умираат секоја недела, тешко е да се поверува“, рече американскиот претседател.

Руските фудбалски клубови и националниот тим не можат да учествуваат на меѓународни натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА, а санкциите стапија на сила кратко време по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Европските квалификациски групи за Светското првенство во 2026 година веќе се составени, но повеќето квалификациски натпревари започнуваат во септември оваа година, па затоа постои теоретска можност Русија, доколку дојде до мир, да се приклучи на квалификациите подоцна.

Претседателот Трамп, кој го позајми слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“ од претседателот Роналд Реган (слоганот на неговата претседателска изборна кампања во 1980 година), го направи запирањето на војната во Украина една од неговите главни цели во надворешната политика, според медиумот.

Се надева дека тоа ќе му ја донесе Нобеловата награда за мир. Првиот американски претседател кој ја добил Нобеловата награда за мир бил републиканецот Теди Рузвелт во 1906 година. Благодарение на неговото посредништво, завршила Руско-јапонската војна (1904-1905).

На состанокот на работната група во Белата куќа беше присутен и американскиот потпретседател Џејмс Дејвид Венс, кој рече дека САД со нетрпение очекуваат да можат да бидат домаќини на навивачи од многу земји од целиот свет за време на Светското првенство.

„Ќе имаме гости од многу земји, веројатно близу стотина. Сакаме да дојдат, да ги гледаат натпреварите и да слават, но кога ќе заврши Светското првенство, ќе мора да си одат дома“, рече потпретседателот Венс во таа пригода.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија43 минути

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија2 часа

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија3 часа

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...

Македонија4 часа

Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете: на сила го внеле во возило и го удирале со тупаници и железна палка

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија4 часа

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на...

Македонија7 часа

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет7 часа

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа7 часа

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет8 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет8 часа

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет8 часа

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет8 часа

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...

Македонија22 часа

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија1 ден

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија1 ден

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ1 ден

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ1 ден

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија1 ден

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија1 ден

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...