Свет
УНИЦЕФ го сопре воздушниот мост за помош на Сомалија
Фондацијата за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека го суспендира воздушниот мост за доставување помош во храна за со сушата погодените региони во Сомалија, поради „логистички“ проблеми.
Фондацијата за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека го суспендира воздушниот мост за доставување помош во храна за со сушата погодените региони во Сомалија, поради „логистички“ проблеми.„Ние би сакале да продолжиме со испораката на помошта во храна преку воздушниот мост за Сомалија, но постојат логистичка попречувања со кои треба прво да се справиме за да можеме да го направиме тоа. Сочувствуваме со страдањето на децата, но во овој момент можеме да направиме малку за да им помогнеме“, изјави Оливија Јамби, претставник на светската организација за деца во кениската престолнина НајробиОваа реакција доаѓа откако десетина деца умреа од глад во бегалскиот камп Хувадаг во северниот дел од регионот на Могадишу, главниот град на Сомалија.Истовремено, некои од хуманитарните организации активни на ова подрачје се обидуваат да добијат и да достават итна помош во Сомалија, каде 10 милиони луѓе се во очајна ситуација и им е потребна итна помош поради недостигот од храна што се должи на незапаметената суша што го зафати овој регион. Хуманитарните здруженија проценуваат дека илјадници луѓе секојдневно се движат кон Могадишу но и оти во главниот град на Сомалија резервите од храна веќе се исцрпени. Поради тоа, како што се наведува од страна на хуманитарната организација на Обединетите нации, се создаваат големи немири и кражби на храната. Според тоа, најслабите и најчувствителните групи од погоденото население остануваат без основните животни продукти. Сушата на Рогот од Африка, најголемата во последните шест децении, веќе однесе десетици илјади животи и им се заканува на 12 милиони луѓе во Сомалија, Кенија, Етиопија, Џибути, Судан и Уганда.Особено е тешка ситуацијата во Сомалија, каде Обединетите нации прогласија глад во две покраини на југот од земјата, кои се под контрола на исламистичките бунтовници од движењето Ал Шебаб. Бунтовниците им го забрануваат пристапот на некои од хуманитарните организации кои се обидуваат да достават помош до тамошното население.Обединетите нации пред десет дена започнаа со воздушен дотур на помош во храна во региони под контрола на сомалиските бунтовници, а исламистите се согласија да им дозволат на хуманитарните работници слободен пристапПознавачите на состојбите на Рогот на Африка сметаат дека промената на односот на исламистичките бунтовници се должи на стравот дека ако продолжат со забраната ќе дојде до бунт против нив. Други, пак, тврдат дека се работи за големи суми дадени како поткуп на нивните лидери.Сомалија нема ефективна влада повеќе од две децении, со што состојбата во оваа пресиромашна африканска земја уште повеќе се влоши, особено откако сушите сé почесто напаѓаат. Исламистичките бунтовници, наречени Ал Шабааб, кој се во тесна врска со Ал Каеда, контролираат делови од престолнината Могадишу и огромни пространства од јужна и централна Сомалија./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

