Свет
Процесот против Брејвик ќе започне во 2012. година

Против Андерс Беринг Брејвик, кој призна дека ги извршил двата крвави напада минатиот петок во Норвешка, ќе биде покренато обвинение и ќе започне процес дури во 2012. година, изјави денеска кралскиот обвинител.
Против Андерс Беринг Брејвик, кој призна дека ги извршил двата крвави напада минатиот петок во Норвешка, ќе биде покренато обвинение и ќе започне процес дури во 2012. година, изјави денеска кралскиот обвинител.„Се надеваме дека следната година ќе можеме да го покренеме процесот“, изјави врховниот обвинител Тор Аксел Буш, прецизирајќи дека обвинението ќе биде подигнато кон крајот на годината.Брејвик засега има статус „официјално осомничен“ и за неговите постапки се води предиспитување, специфично за скандинавските земји. Статусот на Брејвик е меѓу осомничен и обвинет.Иако ги признал нападите во кои беа убиени 76 луѓе, според норвешкиот закон обвинението може да се подигне дури по истрагата.„Станува збор за доследна и опсежна истрага. На полицијата и треба доста време, појасни заменичката на обвинителот Ингун Фосгард, пренесува агенцијата Франс прес.Засега полицијата против Брејвик го разгледува обвинението за тероризам, за што би можел да биде осуден максимално на 21 година затвор.Норвешката полиција има намера Брејвик да го обвини за злосторства против човештвото, бидејќи призна дека извршил масакр на 76 луѓе во Осло и околината, а во тој случај би можел да добие казна затвор до 30 години. /крај/афп/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Црн чад излезе од оџакот на Систинската капела, новиот папа се’ уште не е избран

Над Систинската капела вечерва се појави црн чад, што значи дека при првото гласање на кардиналите на конклавата не беше избран нов папа, наследник на папата Франциско кој почина на 21 април.
Црниот чад не е изненадување бидејќи папата со векови не е избран во првиот круг. Во наредните денови кардиналите можат да гласаат четири пати на ден, двапати наутро и двапати попладне.
Најдобри изгледи за избор на оваа конклава, според аналитичарите имаат италијанскиот кардинал Пјетро Паролин и Филипинецот Луис Антонио Тагле.
Кардиналите сега ќе се вратат во резиденцијата Санта Марта, каде што ќе останат во изолација до утре, кога почнува вториот ден од гласањето.
Свет
Украина има нов моќен дрон

Украина претстави еден од своите најнови и најмоќни ударни беспилотни летала, UAC FP-1, кој може да лета до 1.600 километри и да носи боева глава тешка дури 113 килограми. Ова го прави значително помоќен од претходниот модел PD-1, произведен пред неколку години, кој има домет до 1.000 километри и кој веројатно носи многу полесен товар, пишува Форбс.
Компанијата UAC, заеднички украинско-чешки проект, вложи многу напор за подобрување на деталите за FP-1 да има поголем домет и носивост. Најголемата разлика во споредба со постарите дронови е тоа што нема подвозје. За разлика од PD-1, кој полетува на тркала, FP-1 се лансира од рампа под агол, користејќи ракетен потисок од трупот.
Дронот беше официјално претставен во јавноста за прв пат на неодамнешниот саем во Киев, но се произведува од минатата година и веќе се користи во борба.
Украина се повеќе се потпира на сопствените ударни беспилотни летала, кои редовно напаѓаат цели како што се воздушните бази и рафинерии длабоко во руската територија.
FP-1 се проценува на повеќе од 100.000 долари.
Свет
Пакистанскиот премиер жестоко и се закани на Индија

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа. Во своето обраќање тој остро ги осуди нападите, нарекувајќи ги „кукавички“ и рече дека Пакистан покажал дека знае и може да се брани.
Шариф рече дека во рок од еден час од нападот на линијата на контрола, која ја формира де факто границата меѓу Индија и Пакистан, имало „континуирани борби“ во кои пакистанската армија, како што рече, покажала храброст.
„Тие ги уништија авионите на нашите напаѓачи и непријатели“, рече тој, повторно осврнувајќи се на тврдењата на пакистанската војска дека соборила индиски борбени авиони – што индиските власти досега не ги коментираа.
Премиерот изјави и дека Пакистан го дал својот прв одговор на Индија, нагласувајќи дека Индија ги почнала нападите, но дека Пакистан покажал дека знае да се бори за својата земја.
Во продолжение на својот говор, Шариф откри дека во индиските напади загинале 26 лица, а 46 други, меѓу кои жени и деца, биле повредени. Меѓу загинатите, како што рече, има и седумгодишно момче кое во моментот на нападот било дома со мајка си и брат му.
„Ставете ја раката на срцето“, рече премиерот. „Ви ветувам дека ќе се одмаздиме за секоја капка крв на овие жртви“.